Реклама

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Македонија

ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, информира ЈП Водовод и канализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во Скопје е безбедна за пиење, информира ЈП Водовод и канализација Скопје, нагласувајќи дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од Јавното претпријатие нагласуваат дека денеска од страна на Сектор  – Санитарна контрола при се земени 42 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.

Мониторингот, додаваат од ЈП Водовод и канализација  Скопје се работи согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 2, Дел Б).

Реклама

-Примероците се земени согласно метода MKC ISO 5667-5 Земање на примероци – Дел 5: Упатство за земање на примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи. На сите примероци ќе им биде изработена физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр.183/2018 (Прилог 4,Основен преглед-А) во акредитираните лаборатории при Сектор Санитарна контрола согласно ISO 17025:2018. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење(Службен весник на РМ, бр.183/18) – нагласуваат од ЈП Водовод и канализација Скопје.