Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

🎥 Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева.

– Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на македонскиот. Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање. Се случи тоа што се случи. Знам дека е тешко, и не е фер, како што и многу други работи не се фер, можеби и понефер од ова што се случи со гласањето. Ама сепак сакам народот да знае дека тоа е и сигнал дека ЕП не сака да се меша во тоа затоа што го признава македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонскиот јазик, вели Јовева.

Таа не се согласува дека грчко-бугарското лоби надвладеало меѓу европратениците за прифаќање на амандманите за бришење на македонскиот идентитет и јазик од извештајот.

Реклама

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

– Ако надвладееше тоа лоби, ќе беше ставен амандманот модерен јазик, модерен идентитет, македонски, не знам ни што сакаа, но тоа немаше шанси да помине. На крајот, сепак, надвладеа во тој смисол што тој дел од текстот е избришан. Ама тоа не е поради нив. Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на македонскиот, вели Јовева.

За тоа каква порака се испраќа кон земјава, но и кон македонскиот народ, со целата дебата за јазикот и идентитетот, со амандманите од бугарските и грчките европратеници, но и оп конечнот исход, таа смета дека не треба да се им се придава премногу значење.

– Македонската држава, македонската политика, па и македонскиот народ, треба да се фокусираат на напредокот, на процесот на реформите кои треба да служат за подобар живот на граѓаните и граѓанките, не за ЕУ, и за некоја си таму земја членка, било која, туку за граѓаните и граѓанките, и тоа треба да е пораката. Јас на овој извештај го гледам како порака за тоа. Затоа што суштината на извештајот, ако не разговараме за јазикот и за идентитетот, е позитивен. И морам да бидам оптимистична. Сакам да бидам оптимистична затоа што знам дека народот, македонскиот народ заслужува подобро од ова што го има. А подобро нема да може да се има освен ако не се продолжи со европскиот пат, вели Јовева.

Словенечката европратничка вчера во дебатата во ЕП за извештајот за земјава, им порача не нејзините колеги дека „идентитет кој опстанал со векови нема да исчезне поради едно гласање или поради лобирање“.

– Овој извештај не се однесува на правото на постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик или македонскиот идентитет. Иако самиот факт дека таков дел постои во текстот на извештајот мене лично не ми пречи, го поддржувам и нема да гласам за негово бришење, морам сепак да бидам фер и да му порачам на македонскиот народ: Знам дека боли – и мене лично ме боли – но не прифаќајте наративи од политичари кои ќе тврдат дека Европскиот парламент ви ја одзел идентиетата или јазикот. Тоа не е вистина. На оние кои го тврдат токму тоа, затоа што сакаат сè, освен правичност, им порачувам: македонскиот јазик е автентичен, а вашите обиди се современа фикција. Идентитет кој опстанал со векови нема да исчезне поради едно гласање или поради вашето лобирање. За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, а за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст“, порача Јовева во ЕП.