Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Јорданов: Се заменуваат старите инсталации на штипскиот Камен мост, градежните работи ќе започнат по целосната реконструкција на мостот кај зградата на ЈП „Македонијапат“

Почна замената на водоводната, канализационата мрежа, како и на сите инсталации кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна замената на водоводната, канализационата мрежа, како и на сите инсталации кои поминуваат низ стариот Камен мост во Штип. По нивната замена ќе почне и реконструкцијата на мостот на река Брегалница, кој меѓу штипјани е познат и како Султанов мост.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека станува збор за еден мост, кој е културно богатство на градот Штип и кој заслужува да биде соодветно реставриран, за да се истакне историската вредност што ја има. 

-Тоа коешто во моментов се работи е промена на старите инсталации кои се наоѓаат на самиот мост, а веднаш по завршувањето на овие активности поврзани со инсталациите ќе се продолжи со негова реставрација, третирање, осветлување со цел да ја добие автентичноста, автентичниот изглед, но и соодветно да биде истретиран-вели Јорданов. 

Реклама

Тој истакна дека влегувањето во поголемите градежни зафати ќе зависи и од тоа кога ќе заврши целосната реконструкција на мостот на река Брегалница кај ЈП „Македонијапат“. 

​- За тоа кога ќе влезат активностите поврзани со сообраќајот на овој мост ќе зависи од завршувањето на активностите поврзани со мостот кај „Македонијапат“, кој верувам дека на 7 октомври ќе биде пуштен во употреба, целосно реконструиран, за да можеме подетално да навлеземе во реконструкцијата на Камениот мост, на кој во моментов се спроведуваат активности за промена на самите инсталации поврзани со водовод и другите инсталации кои се наоѓаат на самиот мост-појасни Јорданов.

 Општина Штип за градежните активности кои во моментов се извршуваат издвои осум милиони денари.