Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Јавното здравство ја губи силата – семејните лекари бараат реформи

Ако го нема срцето и столбот на здравствената заштита ќе има колапс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако го нема срцето и столбот на здравствената заштита ќе има колапс на здравствениот систем алармираат семејните лекари. Тие бараат реформи во здравството. Повисок капитационен бод, повеќе ингеренции врз пациентите, и повеќе термини во терциерното здравство. Докторите се жалат дека од малата капитација, финансискиот шок е огромен и би можело да доведе до затворање на амбулантите. Според нив, незадволството од условите за работа се одразува и со нивно заминување во странство, апелираат до надлежните да размислат кој ќе се грижи тогаш за граѓаните.

Ординациите на матичните се полни со млади пациенти со дијабет, хипертензии и аритмии. Тие велат дека граѓаните многу доцнат со прегледи, и затоа после итно завршуваат кај специјалист.

Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“  на Светскиот ден на семејниот лекар  во градскиот парк на граѓаните доктори им мереа крвен притисок, холестерол и триглицериди во крвта. Со резултатите граѓаните добиваа и соодветни медицински препораки и совети за тоа на што треба особено да внимаваат со цел да ја подобрат нивната здравствена состојба.

Реклама

Ања Лукарова