Реклама
Македонија

Јавноста очекува нови апсења за скандалот на онкологија

Апсењето пред очи на пациенти и вработени на Онкологија, не ги решава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апсењето пред очи на пациенти и вработени на Онкологија, не ги решава проблемите и нема да ги врати изгубените животи. Розочарани и гневни, голем дел од болните кои се лекуваат на клиника, велат дека по пет месеци чекање, потегот на Обвинителството сега да отвори истрага е само предизборен маркетинг на власта.Според Александра Величковска, која со години се лекува на Онкологија, екс директорите Нино Васев и Нехат Нухи се само ситни риби во криминалната мрежа.

Јас лично сметам дека и на моја одговорност го кажувам апсењето им беше наменски направено.Дали нас да ни замачкаат очи како пацинети за да не замолчат нас неколку кој постојано излегуваме прд медиумите и молиме да се реши ова што побрзо, дали е политички поврзано тоа не можам да го тврдам но очигледно така е.Но невозможно е таква проневера, таков скандал и криминал да направат само двајца и тоа да бидат само директорите.Сигурна сум дека се работи за поврзана мрежа откривањето на овој скандал можеби би дошло и до некој најбитен што е во државава не можам да тврдам, меѓутоа ова ми дава до такво знаење – вели за Алфа, Александра Величковска онколошки пациент.

И покрај обидот на институциите за расветлување на скандалот на онкологија, проблемите на пациентите им останаа исти. Тие повторно се осудени на чекање со часови во болничките ходници за преглед кај онколог, немање термини за дијагностички процедури, недостаток на лекови..прашуваат дали и кога ќе им се решаат овие тешкотии?

Реклама

“Сега за сега лекови има, сите истиот коментар го даваат дека медицинските сестри на онкологија им кажувале дека не се знае до кога ќе има терапии.Тоа значи дека ние сме постојано на готовс и деќа ќе бидеме вратени со причина дека во блиска иднина нема тендер, или да се најде причина зошто нема лекови ” изјави Величковска.

Засега обвинителството сомничи пет лица, покрај Васев и Нухи и уште тројца доктори онколози.Од Обвинителството не ја исклучуваат можноста з апроширување на истрагата. И претседателката на Анкетната комисија која беше формирана за расветлување на скандалот, алармира дека истрагата не може да се сведе само на пет луѓе. Рашела Мизрахи неколкупати побара од ОЈО да ги проследи предлог заклучоците од пратениците.

Инаку, двајцата осомничени директори директори во друштво со тројца дооктори во периодот од 2017 до 2022 набавувале скапа биолошка терапија без јавна набавка и согласност на Фондот за здравство при што се создал вишок лекови за кои не се водела евиденција а првичните пресметки покажале дека тие се стекнале со корист од речиси 30 милиони евра, а каде завршила терапијата се истражува.