Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Јавните презентации на кампањата „Позитивна промена“ стартуваат со општина Чаир

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во текот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во текот на месец февруари ќе се одржат 8 јавни презентации на националната кампањата „Позитивна промена“ која има за цел подигање на јавната свест и едукација за правилно постапување со отпадот.

Презентациите ќе се одржат во по една општина од секој плански регион во државата и тоа во општините: Чаир, Куманово, Тетово, Битола, Струга, Струмица, Кавадарци и Штип.

„Позитивна промена“, на 13.02.2025г. ќе стартува во општина Чаир, со презентација пред претставниците на општините од Скопскиот плански регион, на кои ќе се споделат промотивните и едукативните материјали за важноста, ефектите и придобивките од добар и одржлив систем за управување со отпад кој исто така бара и зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа во овој сегмент.

Реклама

Министерството истакнува дека одговорноста за правилното управување со отпад припаѓа на сите засегнати страни: Владата, општините, правните лица кои управуваат со отпадот, граѓаните, приватниот сектор и само со одговорно однесување на сите страни може да се надмине овој децениски проблем.

„Секако, за успешно се функционирање на новиот систем не е доволно само да се воспостави инфреструктура и да се обезбедат садови за селекција, туку мора и да им се помогне на луѓето да ја разберат својата одговорност за отпадот и да создадат навики за подобра контрола врз управувањето со отпадот“, велат од МЖСПП.

Кампањата е финасирана преку Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад. Средствата со кои се финасира оваа кампања се одвоени од надоместокот кој се уплаќа од страна на трговците за граѓаните кои купуваат пластични кеси, во вкупна висина од 13.450.000,00 денари.