Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Државниот и јавниот долг остануваат стабилни и во рамки на проекциите. Навремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот и јавниот долг остануваат стабилни и во рамки на проекциите. Навремено се сервисираат сите обврски, и новите и наследените.

Последните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека јавниот долг изенсува 58.8% од БДП односно нешто над 10.7 милијарди евра, а државниот долг 51.7% од БДП односно нешто над 9.4 милијарди евра.

Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра“, велат од Министерството за финансии.

Реклама

И покрај сервисирањето на значителни обврски наследени од минатото, како што е Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Владата успева истовремено да ја зачува финансиската стабилност.

Владата успева редовно да ги исполнува обврските, да ја одржи стабилноста на буџетот и паралелно да реализира проекти од значење за граѓаните“, велат од Министерството за финансии.

За Владата ваквите бројки се само показател дека јавните финансии се стабилизираат и дека државата се движи во вистинска насока.  Но важно е вложувањето и во капитални инвестиции, модерна инфраструктура, здравство, образование и проекти кои треба да создаваат економски раст, нови работи места и повисок животен стандард.