Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Јавна расправа за измените на Законот за употреба на македонски јазик

  На сите универзитети во државата минимум два семестри да се изучува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 

На сите универзитети во државата минимум два семестри да се изучува македонскиот јазик, да се создаде електронска база на научни истражувања за јазикот, да се отворат нови и да се возобноват старите лекторати во странство. Вработување лектори во сите државни  и јавни институции. Ова се дел од главните мерки кои се предлагаат со измените на Законот за употреба на македонски јазик. Со измените се предлага и формирање Инспекторат за употреба на јазикот во рамки на министерството за култура, а во нашите амбасади низ светот да се овозможи изучување за сите странци. Предлагач на законот е министерството за култура и Советот за македонски јазик. Забелешките од јавната дебата деновиве треба да бидат доставени до министерството како и до тејничкиот премиер Спасовскии.

“Македонскиот јазик се изучуваше на наставните факултети, но никогаш не се изаучувал на сите факултети, а лично сметам дека има голема потреба од тоа. Зошто да не учат и медицинари и стоматолози”, вели Искра Пановска – Димкова, универзитетски професор.

Реклама

“Важно е дека и нашите студенти нашата академска средина треба да излезе доволно описменета, доволно писмена за да може да се изрази онака како што треба”, истакнува Елена Јованова – Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик.

Професорите уверуваат дека овој јазик нема да предизвика негативни последици по Законот за употреба на јазиците за кој и венецијанската комисија даде мислење. Инспекторатот нема да има улога да казнува туку да помага за правилна упореба.

“Овој закон не е во спротивност туку е во соработка со законот за јазиците. Не се негираат едни со други како што е редот бидејќи ова е заедничка држава на сите луѓе со сите мајчини јазици меѓутоа македонскиот јазик е најголемиот од сите јазици и државниот јазик нели во комуникација со странство и тој е обединувачки”, вели Људмил Спасов Претседател на координативното тело.

Дел од професорката фела реагира дека не се предвидени прецизно финансиските средства потребни за реализација на законот, дека со дел од одредбите се влегува во автомнномијата на универзитетите. Потенцираат дека е неопходно да се наведе дека македонскиот јазик треба да се изучува на целата територија на Македонија и сите документи да се лекторираат на македонски јазик.

Градимир Марковски