Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Јавен повик за пријавување на Втората национална младинска летна школа

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) објави повик за пријавување на второто издание на Национална младинска летна школа.

Повикот е наменет за млади од Македонија кои се на возраст од 15 до 29 години. Националната младинска летна школа ќе се одржи од 14 до 18 септември, 2026 година во Дојран.

Приближно 60 млади луѓе ќе имаат можност да се вклучат во младинската летна школа која што претставува платформа за зајакнување на младите како агенти за промени, кои преку интерактивни методи на работа ќе имаат можност да се запознаат и дружат со врсници од целата земја и да се стекнат со нови вештини поврзани со личен развој, интерперсонални односи и тимска работа.

Реклама

Летната школа ќе се заснова на пристапот „Спорт за развој“, користејќи го спортот како педагошка алатка за промовирање на младинската едукација, вештини вработување и личен развој на учесниците. Работни јазици на летната школа се македонски и албански. Превозот, сместувањето и оброците за учесници се целосно покриени од организаторите.

Оваа активност е во согласност со Националната стратегија за млади 2023-2027, односно како дел од планираните активности на МСПДМ за 2026 година.

-Министерството за социјална политика, демографија и млади ги охрабрува сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 15 – 29 години да се пријават за учество на летната младинска школа.

Линк до пријавата и повеќе информации: https://www.mtsp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-prijavuvanje-na-vtorata-nacionalna-mladinska-letna-skola .