Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Јанков: Ново училиште во струмичката населба Карпош, субвенционирање на млади брачни парови преку доделување на парцели по повластени услови 

Петар Јанков, кандидат за градоначалник за општина Струмица од редовите на ВМРО-…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петар Јанков, кандидат за градоначалник за општина Струмица од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, денеска гостуваше во дебатната емисија Директно на телевизија Телма кадешто прво се осврна на инфраструктурните решенија кои тој ги нуди за општина Струмица, а во насока на подобра мобилност на граѓаните, како и решавањето на проблемот со паркингот во централното градско подрачје на Струмица, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доизградба на булеварско решение на Булеварот Климент Охридски од потегот кај Жито Струмица до улицата Ѓорѓи Василев, тоа ќе го реализираме преку Јавното претпријатије за државни патишта,најголем дел во централното подрачје имаме проблем со паркинг просторот, затоа е предвидено отворање на нови паркинг простори и поголема ефикасност на јавното претпријатие“, вели Јанков.

 Јанков се надоврза на претходно изнесеното и дополни:

Реклама

„Дворот кој го користи Општата болница Струмица, ќе барам отстапување на дворната површина се со цел да направиме паркинг и монтажен паркинг на местото на модуларната болница за да го зголемиме капацитетот на паркинг просторот“.

Јанков ја сподели и неговата визија и план за надминување на проблемите со коишто се соочуваат граѓаните во населбата Карпош и ја истакна неминовната потребата од подобро тротоарско решение во оваа населба како и изградбата на ново основно училиште со пропратни спортски терени и кабинетска настава.

„Проектот кој го планираме изградба на основно училиште во населба Карпош, природното таа населба гравитира према ОУ Сандо Масев, а бројот на Сандо Масев од година во година на ученици се зголемува и моментално има преку 1360 ученици. За овој дел е придвидено ново основно училиште со пропратни спортски терени и кабинетска настава према потребите“, кажа Јанков.

Јанков ги сподели и мерките кои ги планира за младите да останат и да градат иднина во Струмица, при што прво ги таргетираше младите брачни парови и мерката со која предвидува доделување на парцели за млади брачни парови по повластени услови.

„Треба да најдеме начин да ги субвенционираме младите брачни парови во доделување на парцели, плацеви за изградба на нивни домови за живеење во Струмица, ќе имаме посебна програма кадешто одредено државно земјиште ќе биде пренаменето за парцели, плацеви за млади брачни парови кои ќе бидат по повластени услови од општината, за да можат да го најдат својот дом за живеење во Струмица и да ствараат и градат овде“, рече Јанков.

Јанков се надоврза и кажа дека неговата програма предвидува и изградба и реновирање на спротски сали и повеќенаменски игралишта, а во насока на создавање и подобрување на условите за одвивање на спорот и спортски активности на граѓаните на општина Струмица.

„Предвидена е изградба на спортска сала во ОУ Сандо Масев, предвидено изградба на повеќенаменски игралишта во населено место Банско, реновирање на сите општински училишта и осветлување за да можат младите да спортуваат и во вечерните часови“, заврши Јанков.