Реклама

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Македонија

​ Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментот сме во критична ситуација

Нашата работа е отворено и транспарентно да зборуваме за проблемите со кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата работа е отворено и транспарентно да зборуваме за проблемите со кои се соочуваме. Факт е дека бројот на првачиња во земјата е намален и факт е дека по природен пат некои училишта се затвораат – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите дека се затвораат училишта поради тоа што не се запишуваат деца, но и поради оптимизација на училишната мрежа и присоединување паралелки од подрчани во поголеми училишта. 

МОН претходно соопшти дека годинава има речиси 3.000 запишани првачиња помалку од лани и дека поради тоа што немаат запишано ученици, од 1 септември привремено се затвораат 26 подрачни училишта, а вкупно 148 се празни училишни објекти во државата, претежно во руралните средини. Во 2026 – 2027 ќе има 433 паралелки помалку – 222 помалку во основното образование и 211 во средното поради присоединување паралеки со неколку ученици, односно реорганизирање на наставата.

Јанеска денеска во одговор на новинарско прашање по реакциите изјави дека факт е и дека – иако мерката е непопуларна, оваа Влада и таа како министер прават сè што е во интерес на децата затоа што, рече, ситуацијата во моментот е критична.  

Реклама

– Презедовме мерки да ги социјализираме и обединуваме децата, па на тој начин, обединувајќи паралелки, некаде над 400 паралелки де факто се на некој начин затворени – рече Јаневска по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. 

За затворањето подрачни училишта со мал број ученицин таа повтори дека не е во ред група деца од пет до девет години изолирано да живеат во едно училиште зашто така тие немаат натпревар, мотив за стекнување знаења и не се социјализирани со други деца.

– Во корист на децата е да се во поголема група, во корист на децата е да развиваат емпатија, да учат како се решаваат проблеми, да видат подобри училишни услови, да видат паметна табла, да добијат таблет, да се дружат со други дечиња кои се поинакви од нив, да научат да се почитуваат… Има многу причини поради кои ние треба да го направиме ова. Моја должност е ова да го правам затоа што, ако не го правам, со неправење правам штета на целото општество, првенствено на децата. Сме требале овој процес да го почнеме многу порано за да не бидеме во ваква критична ситуација. Ние во моментот сме во критична ситуација. Правиме сѐ да ја решиме на мирен и безболен начин и на истиот начин ќе продолжиме да го правиме тоа, без оглед на тоа дали одредени групи, кои и да се и од каде и да се, ќе реагираат – истакна Јаневска. 

​Посочи дека тоа е направено во договор со сите градоначалници заедно со директори на училишта за, рече, „да видиме како најбезболно да ги решиме тие проблеми“. Нагласи дека таа е отворена за сугестии. 

– Постојано сме на телефон, некаде обединуваме, некаде од одредени причини не можеме тоа да го направиме, но ве уверувам дека правиме најдобро. Јас знам дека ова се болни реформи, знам дека министер кој прави вакви реформи можеби и нема да биде популарен, но тоа не е важно. Важно е да направиме добро за децата затоа што опстанокот на оваа држава зависи од младите, кои сега ќе се развиваат. А задача е на училиштата да ги направат свесни и добри граѓани, првенствено за себе, а потоа и за сите други – додаде Јаневска. 

Министерката посочи и на сите мерки што се преземаат за модернизирање на образованието – се менуваат наставни програми и се прават капитални инвестиции за подобри просторни услови, кои ќе донесат и поквалитетна настава. 

– Мерките ги преземаме, но јас велам дека не можеме од денес до утре да ги чекаме резултатите. Резултатите од ова што денес го работиме во образованието ќе дојдат најрано по 5-6 години, а оптимално по 9-10 години – истакна Јаневска. 

За платите на наставниците, таа и денеска посочи дека новото зголемување ќе го имаат во март 2027 и дека тоа е сигурно и во согласност со договореното со СОНК. 

​- Затоа што претходно имаше потпишувања спогодби, договори – ќе има, ќе нема, имавме и штрајк. Во овој случај тие се безбедни, не треба да мислат на платите, платите ќе се покачуваат секоја година. В година во март повторно ќе бидат покачени платите на наставниците – додаде Јаневска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.