Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Јаневска: Во нови училишта инвестирани се 35 милиони евра, а во образовната инфраструктура вкупно 78 милиони евра

Инвестиции од 78 милиони евра во најмалку 300 образовни објекти се реализираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиции од 78 милиони евра во најмалку 300 образовни објекти се реализираат преку Министерството за образование и наука и Владата со цел подобрување на условите за настава и студентскиот стандард – истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање.

– Навистина се преголеми инвестициите, 78 милиони евра во најмалку 300 објекти – нагласи Јаневска истакнувајќи дека квалитетното образование е невозможно без соодветна инфраструктура.

Според неа, од почетокот на мандатот се вложени 35 милиони евра во седум нови училишни објекти во Бутел, Чучер-Сандево, Куманово, Чашка и Тетово, реконструирани се повеќе од 30 училишни спортски објекти, а во тек е изградба на четири нови спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и во Липково.

Реклама

– Еден од основните услови да имаме квалитетно образование е да имаме добра образовна инфраструктура, односно да имаме пристојни училишта, со добро опремени кабинети, пристап до интернет-опрема и безбеден интернет, да имаме пристап за децата со посебни образовни потреби – рече министерката.

Јаневска информира дека преку двата владини повици за капитални инвестиции на општините им се доделени уште 35 милиони евра за реализација на 55 проекти за изградба, доградба и реконструкција на училишта, спортски сали и базени.

Во рамките на напорите за воведување едносменска настава, додаде таа, се прошируваат капацитетите на 14 училишта во повеќе општини, а дополнителни 15 проекти ќе почнат во следните месеци.

Министерката посочи дека е завршена реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“, кој ќе почне со работа на 1 октомври, а домот „Кузман Јосифовски-Питу“ треба да биде завршен до крајот на ноември.

– Студентскиот дом „Стив Наумов“ е завршен и тој почнува на 1 октомври со работа. „Кузман Јосифовски-Питу“ сосема сигурно до крајот на ноември ќе биде готов – рече Јаневска.

Таа најави и продолжување на инвестициите во студентските домови, ресурсните центри за деца со посебни образовни потреби, изградбата на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, како и довршување на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура.

– Со тоа се согласувам со нашите критичари дека и студентските домови и дел од ученичките домови, па и дел од овие ресурсни центри, навистина не се соодветни и тоа што не беше направено, еве ние ќе го донаправиме – рече министерката Јаневска.