Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Јаневска: Првачињата да стекнат и братче или сестриче, покрај знаењето, така ќе ги отвориме училиштата што сега ги затвораме

Спремни сме за учебната година, учебници има, видливо е дека инфраструктурата се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спремни сме за учебната година, учебници има, видливо е дека инфраструктурата се подобрува, дека обезбедуваме технички помагала и сè што е потребно. Имаме кошничка со поевтин училиштен прибор. Им пожелувам на сите многу, многу успех – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани во општина Бутел на првиот ден од учебната 2026 – 2027.

Како и при посетата на ОУ „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар претходно денеска, Јаневска им посака успех на учениците и на нивните наставници, со порака вредно да учат и да другаруваат.

Во однос на затворањето на училишта во државата, главно во руралните средини поради недоволен број ученици, Јаневска со пораки за подобрување на демографијата.

Реклама

– Ако продолжиме вака, ние постојано ќе затвораме училишта. Оттука, можеби порака до првачињата: освен да бараат да стекнат знаење, можеби треба да бараат да стекнат братче или сестриче за овие привремено затворени училишта во иднина повторно да ги отвориме. Населението да стане свесно колку човечкиот капитал е значаен, пред сè за нив самите и нивниот живот и, секако, за нивната држава – нивната татковина. Затоа што сите знаеме што значи да се живее во една прогресивна и доброразвиена земја – рече Јаневска.

На новинарско прашање за намалениот број на првачиња од речиси 3.000 за разлика од лани на ниво на држава, Јаневска, претходно, од ОУ „Киро Глигоров“, одговори дека „демографијата е посебна наука и многу нешта треба да се направат во тој правец“, а дека во образованието се воведени многу мерки со кои се подобруваат условите за учење. 

– Пред две години направивме три сликовници за прво до трето одделение, со наслов „Јас, мама, тато, дада и бато“. Се надевам дека училиштата ги користат. Сè што правиме е многу сериозно – инфраструктура, технологија, нови наставни програми, нови наставни помагала, учебниците се редовно снабдени. Сè со цел да им е попријатен животот на децата во Македонија. А кога на децата им е убаво, и нивните родители ќе сакаат, претпоставувам, да останат тука и ќе се охрабрат да имаат повеќе дечиња – рече министерката.

Јаневска вчера на прес-конференција во пресрет на почетокот на учебната година информира дека поради тоа што немаат запишано ученици, од септември привремено се затвораат 26 подрачни училишта, а вкупно 148 се празни училишни објекти во државата, претежно во руралните средини.

Во 2026 – 2027 ќе има 433 паралелки помалку – 222 помалку во основното образование и 211 во средното поради присоединување паралеки со неколку ученици, односно реорганизирање на наставата.