Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Јаневска на отворањето на Школата за зелени и дигитални вештини на УГД: Науката и истражувањата се во центарот на нашите политики

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ја отвори Летната школа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ја отвори Летната школа на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), а која до 18 септември ќе се одржува на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе опфати клучни теми поврзани со процена на квалитетот на воздухот, почвата и водата, значајни за реализација на Европската зелена агенда.

– За Македонија, како економија во процес на пристапување кон Европската Унија, оваа Школа е можност за јакнење на капацитетите и јасна потврда дека сме подготвени да бидеме сериозен европски партнер што активно придонесува кон заедничките цели и ја гради својата иднина врз европските вредности – рече Јаневска. 

Таа додаде дека учесниците од редот на напредни студенти, докторанди и млади истражувачи ќе имаат ретка можност да се запознаат со истражувачки алатки, да разменат знаења и да ги прошират контактите со колеги од Западен Балкан. 

Реклама

Учесниците на Летната школа, кои доаѓаат од земјата и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, ќе може да учат директно од научници на Заедничкиот истражувачки центар и од експерти како да ги користат алатките на JRC за процена на емисии и влијанија, ќе се запознаат со иновативни методи за подобрување на квалитетот на водата и здравјето на почвата и ќе стекнат увид во напредни техники за мерење. 

– Загадувањето на водата, почвата и воздухот се најголемите ризици за здравјето на сите нас во Европа. И се чини дека измина времето кога се прашувавме дали владите ќе преземат сериозни чекори за промени. Сега пред нас стои јасен ултиматум: или ќе дејствуваме решително или сериозно ќе ја загрозиме иднината на нашите деца – вели Јаневска. 

Говорејќи за неопходноста од научен пристап и одржливите решенија, министерката Јаневска нагласи дека тие се во основа на промените. Јаневска истакна и дека Министерството за образование и наука ги става науката и истражувањата во центарот на своите политики создавајќи услови за научна работа преку модерни лаборатории, поддршка на иновации и интегрирање на зелената и дигиталната транзиција со Стратегијата за паметна специјализација. 

– За да задржиме континуитет на научната мисла, од година на година ги зголемуваме средствата за научноистражувачка дејност. Државните факултети, научните институти, МАНУ и јавните научни установи може да конкурираат со свои научноистражувачки проекти за државно финансирање. Во 2025/26 година само по овој основ се доделени 6 милиони евра буџетски средства. Во рамката за поддршка на науката ги вклучуваме сите релевантни чинители, вклучително и бизнис-секторот – изјави Јаневска.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Дејан Мираковски, истакна дека ова е една активност што првпат се реализира во нашата земја и се надева дека ова ќе биде еден од првите чекори за поинтензивна соработка за заеднички научноистражувања со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

– Верувам дека учесниците што доаѓаат од сите земји од Западен Балкан ќе бидат задоволни со тоа што ќе може да го видат тука, како предавачи се експертите од Заедничкиот истражувачки центар, наши професори и напредни студенти од целиот Западен Балкан. Ни претставува посебна чест што министерката го отвора овој настан, што ја докажува и добрата соработка помеѓу институциите, Универзитетот и европските организации – вели Мираковски. 

Прашан како го оценува квалитетот на воздухот во нашата земја, со оглед на тоа дека лабароторијата АМБИКОН при УГД – Штип врши вакви истражувања, Мираковски истакна дека има благо подобрување во изминатите години. 

– За жал, сè уште имаме многу проблеми со воздухот и ги надминуваме сите дозволени параметри, пред сè од аспект на суспендираните цврсти честички или популарно наречените ПМ 2,5 и ПМ 10. Другите параметри се во ред, но сметам дека доколку продолжиме да ги наоѓаме проблемите, да ги детектираме проблемите, сигурен сум дека ќе најдеме и решение. Генерално, за среќа, имаме благо подобрување последните неколку години, иако сè уште од аспект на суспендирани честички во повеќето урбани средини имаме значителни надминувања – изјави Мираковски.

Клаудио Белис, проектен лидер на проектот и раководител на Одделот за квалитет на воздух во Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија во Испра, Италија, на отварањето на Летната школа на УГД – Штип, идејата е пренесеното знаење да придонесе за и нашите земји имаат подобар квалитет на водата, воздухот и почвата како поврзани медиуми, а со тоа и да имаат подобро здравје луѓето што живеат во овие региони. 

– Инаку, Заедничкиот истражувачки центар е научен сервис на Европската комисија, кој ги обезбедува податоците за да се дефинираат политиките и мерките од страна на европските држави и како таков поседува навистина голем потенцијал да помогне во развојот и на нашите политики, да помогне во креирање на капацитети што ќе овозможат да одговориме на проблемите – вели Белис. 

Коорганизатор на Летната школа е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој е стратешки регионален и европски партнер на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.