Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Јаневска: Државата инвестира и во образовните програми во рамки на „Еразмус“

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја почна агендата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја почна агендата за одбележување на Еразмус денови 2025 со активноста „Еразмус штафета – кутија во движење“. Првите учесници се учениците и наставниците од ОУ „Ацо Шопов“ во Бутел кои веќе имаат искуство во програмата каде симболично ги оставија своите пораки и препораки во специјалната кутија, со цел да ги охрабрат новите корисници да се вклучат во Еразмус програмата.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Ана Михајлов имаа можност да ги слушнат пораките од учениците кои имаат цел споделување на вредните искуства и поттикнување на учеството во европските образовни активности.

Јаневска нагласи дека Националната агенција игра клучна улога во информирањето на учениците и наставниците за можностите што ги нуди програмата ЕРАЗМУС. Таа истакна дека по долг период на губење кредибилитет, агенцијата е стабилизирана и добива силна поддршка од Европската Унија, со двојно зголемен интерес за учество, односно од 150 проекти минатата година на 300 оваа година.

Реклама

-Одобрени се 7 милиони евра за овие активности, за 270 проекти, што значи успешно стартуваме да функционираме и се надевам дека и директорката на Националната агенција чесно и одговорно ќе ја спроведуваат својата работа, а се во корист на учениците, на  нивното стекнувања на знаење и вештини, на нивната комуникација со нивните европски врсници, создавање на пријателства, размена на култури и знаење, она што всушност е основната функција на Агенцијата, истакна Јаневска.

Директорката на националната агенција Ана Михајлов појасни дека настаните што ќе бидат организирани како денешниот имаат цел да ги запознаат учениците со искуствата на нивните врсници кои биле дел од програмата на ЕРЗАМУС.

-Денеска сме сведоци на убава активност, Националната агенција организира настан на кој ќе биде презентирана „кутија на спомени“ каде што ќе можат учениците кои ја посетиле ЕРАЗМУС програмата да дадат дел со слика или убава порака и спомен од тоа што го доживеале во склоп на посетата и да ги споделат искуствата, истакна Михајлов.

Директорката информираше дека Националната агенција работи посветено, односно дека ги зајакнуваат процесите и капацитетите за и дека  во изминативе два месеци оствариле преку 200 средби со потенцијални корисници на програмата.