Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Јаневска до опозицијата: Ако не градевме, ќе нè прашавте зошто не градите, кога градиме – велите зошто градите

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниска говорница побара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниска говорница побара партиите да не ги користат образованието и здравството за стекнување политички поени. Одговарајќи на прашање на пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ кога децата од училиштето „Киро Глигоров“ во скопски Центар ќе почнат да учат со физичко присуство и зошто за време на летото не се правела доградбата, Јаневска рече дека сите ученици за една недела треба да почнат да учат со физичко присуство и дека организацијата на наставата ја прави директорката.   

– Не очекував од вас ваков популизам. Настава децата имаат, да, некои имаат онлајн затоа што им се обезбедуваат подобри услови за да учат, за да постигнуваат подобри резултати. Дали треба? Треба. Ако не градевме, ќе ме прашате зошто децата ви учат во две смени. Кога градиме, велите зошто градите, децата не можеле да учат, нели секојдневно ќе учат. За една недела сите ќе учат со физичко присуство. Проблемот е што не учат. Проблемот е што има проблем во системот и не ни учат и приоритет е ПИСА и приоритет е како да почнат да го совладуваат материјалот и како да ги научиме нашите наставници да им го пренесат знаењето – рече министерката Јаневска. 

Секојпат од оваа говорница, нагласи таа, ве повикувам да се обединиме во областа на образованието и здравството, за сè друго може да се караме.

Реклама

– Овде нема проблем. Зошто правиме проблем таму каде што го нема, само за популизам, за собирање „лајкови“ и гласови. Гласови ќе собираме на добри проекти. И тоа така треба да биде. Еве, ве молам, тргнете ги рацете од образованието и од здравството, суштински се за младите. Оти вака како што се последни, а ќе бидат уште полоши ако нешто не преземеме, вие знаете што ќе се случува во иднина. Ама не сум сигурна дека се грижите. Се грижите во моментот да го постигнете рејтингот на вашата партија. Не се грижите за децата – рече Јаневска.

За забелешките на Лукаревска дека доцна почнала доградабата во училиштето, министерката рече дека Министерството има коректни односи со Општината, но дека проектот во архива е предаден на 18 мај, цел месец не бил закачен во системот, а откога е закачен, поминале 40 дена за да се добие одобрување.

– Барањето е закачено на 3 јуни, одобрено е на 28 јули. Ова е она што е реалност и има уште една реалност, така е, вие комуницирате со директорката и таа вели вака: „Добар ден, министерке. Сакам да ве известам дека обезбедивме плус осум училници од 14 септември и децата ќе почнат со физичко присуство четврто и петто. Шесто и девето ќе продолжат“. Јас во училиштето не ја организирам наставата. Си има директор, си има општина, јас соработувам со сите, јас не велам наши, ваши, со сите во корист на децата. Како вели директорката дека треба да се организира наставата, така нека ја организира – рече Јаневска. 

Министерката потсети дека во мандатот на претходната влада на СДСМ седум години било изградено само училиштето „Киро Глиговор“ на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и не било направено ништо за децата. – Како што гледате, не сте го изградиле како што треба оти не сте направиле предвидување дека во општина Центар бројот на ученици ќе биде поголем и дека ќе треба повеќе простор – рече Јаневска. 

Јаневска рече дека и покрај промените и намалените училишта и број на ученици, ниеден наставник не останал без работа, како и дека таму каде што е побарано од градоначалниците има пренамена на објекти што претходно биле дел од образовниот процес.   

– Конкретно, за да не речете дека не сум ви одговорила, да, вашиот градоначалник од една општина, ве молам да ме следите за добро да можете да ми одговорите, имате пратеник од таа општина, градоначалник на СДСМ побара од Владата и на Влада донесовме одлука дека – да, едно училиште и еден ученички дом по негово барање може да се пренаменат во старски дом. Затоа што јас не им давам на градоначалниците што да прават со зградите што останале празни. Тие се под нивна ингеренција. Ама еве колку да ви кажам дека тој сметал оти Општината ќе има исклучително значење да има старски дом. И јас пак велам, секаде каде што луѓето мислат дека треба таков објект, нека си направат објект за кој сметаат дека им е потребен. Зошто старски дом? Населението на Земјината топка старее – рече Јаневска. 

Децидна е дека ниеден наставник не останал без работа. – Тоа го тврдев и тоа го кажувам. Тоа што во претпоследните седум години им одзедоа часови на наставници за да дадат и вработат на неопределено други наставници, за да ги лажеме луѓето дека во иднина ќе ги вработиме, за да ги лажеме луѓето да гласаат давајќи им надеж дека можеби некогаш ќе се навредат, мојата етика, мојот карактер тоа не го дозволува. Јас ја кажувам вистината – рече министерката Јаневска посочувајќи дека некои од статистиките за намалување на паралелките и учениците се од УНИЦЕФ и Светската банка.