Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Извозот расте, македонските копании освојуваат нови пазари

Во време на глобална криза, стангирање на европските пазари, македонската економија покажа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време на глобална криза, стангирање на европските пазари, македонската економија покажа жилавост. Македонските компании успејаа да го најдат патот кон странските пазари, за што сведочи податокот за зголемен извоз во време на економска криза. Владината поддршка за извозно ориентираните домашни и странски компании е една од причините за ваквите резулати. Според експертите, не само владините политики, туку и присобливоста на македонските компании за одржливо производство придонеле за зголемување на извозот за 19 проценти во првото полугодие годинава.

„Во услови на ограничена потрошувачка македонските компании си го бараат патот до профитабилност,а односно до пазарите каде што може да ги пласираат производите. Мислам дека успешно се снаоѓаат во овие услови, затоа што во недостаток на суровини, други средства за работа македонската економија многу добро се позиционира ов поглед на извозните можности,’ вели економскиот и финансиски експерт Ромео Костадинов.

Според структурата на извозот од Македонија, најмногу сме извезле катализатори, а од вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50.0 % во вкупниот обем на размената. Но, за продолжување на ваквиот тренд, експертите советуваат реструктурирање на извозно ориентираните компании, кои место досегашната практика да имаат одржливо производство, треба да се насочат кон прогресивно производство што ќе генерира поголем извоз.

Реклама

„Овие факти радуваат затоа што преминот од одржливо во ефикасно, односно профитабилно производство е многу мал. Разликата е многу мала и мислам дека македонската економија се движи во вистински правец, во правилна насока во моментот според овие параметри. Многу малку треба за една економија да може да процвета, односно да ги покаже максималните резултати“, додава Костадинов.

Експертите се убедени дека првата половина од годинава покажува дека владините политики за поддршка на извозот ќе бидат основа за иден раст на македонската економија, која има изгледи од увозно зависна да прерасне во извозно ориентирана во одредени сегменти.