Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Свет

Израел го послуша Трамп да ги прекине нападите на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

Израелското воено радио објави дека властите ѝ наредиле на армијата да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелското воено радио објави дека властите ѝ наредиле на армијата да ги запре сите активности во врска со градот Газа, како и поширокиот појас. Оваа информација доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп, преку видео-порака, побара од Израел да го запре бомбардирањето на Газа, откако претходно Хамас се согласи со предлогот на Трамп да ги ослободи сите заложници.

Израелското воено радио објави дека наредбата ѝ наложува на армијата операциите да ги сведе на минимум, при што трупите на терен исклучиво ќе ги извршуваат таканаречените „одбранбени маневри“. Преговорите за планот на Трамп се очекува наскоро да се одржат.

Трамп, во својата порака, рече дека деталите за планот сè уште не се разработени и дека сите работат на него.
„Врз основа на изјавата од Хамас, верувам дека тие се подготвени за траен мир. Израел мора веднаш да го запре бомбардирањето на Газа, за да можеме безбедно и брзо да ги извлечеме заложниците. Ова не е само за Газа, туку за долгоочекуваниот мир на Блискиот Исток“, рече Трамп.