Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони, меѓу кои и измените на законите за пратеници и за минерални суровини.
На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се одржи амандманска расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, сите по скратена постапка.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка амандманска, како и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, сите по скратена постапка.
