Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Измените на законот за јавни набавки поминаа на Комисијата за финансирање и буџет

Предлог-измените на Законот за јавни набавки денеска поминаа на матичната собраниска Комисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-измените на Законот за јавни набавки денеска поминаа на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложувајќи ги измените посочи дека една од позначајните измени што се предлага е усогласување на вредносните прагови коишто не се променети од 2019 година и за кои се предлага зголемување.  

– Во класичниот сектор прагот за стоки и услуги се зголемуваат од 1.000 на 2.000 евра, а за работи од 5.000 на 10.000 евра. Кај секторските дејности прагот за стоки и услуги се зголемува од 2.000 на 4.000 евра, а за работи од 10.000 на 20.000 евра – посочи Јанкуловски.

Реклама

Воедно, се утврдува и годишен лимит за набавките под овие прагови, од 25 илјади евра кај класичниот јавен сектор и 50.000 евра кај секториските договорни органи. 

– Целта е да се намали административниот товар кај набавките со мала вредност без притоа да се нарушат начелата на транспретност и одговорност при користење на јавните средства – рече Јанкуловски. 

Договорните органи ќе може поедноставно да набавуваат стандардизирани стоки и услуги од електронските каталози на Бирото за јавни набавки без дополнителна тендерска документација од случаите утврдени со закон.

Новина е и тоа што секој договорен орган мора да донесе интерен акт за јавните набавки, а со измените се зјакануваат и надлженостите на Бирото за јавни набавки кое ќе развива веб сервиси, дигитални алатки и решенија засновани на ВИ за автоматизирано следење и откривање на ризици. 

Измени има и во делот на надоместоците за жалба, а целта е да се заштити ефективната правна заштита.