Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Изложбата „Француски траги“ на Ѓорѓе Јовановиќ во Францускиот институт во Скопје

Во Францускиот институт во Скопје на 9 септември ќе биде отворена изложбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Францускиот институт во Скопје на 9 септември ќе биде отворена изложбата „Француски траги – Лична историја на гледањето“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, поставена во излогот на Институтот.

Изложбата претставува лична мапа на сеќавања, влијанија и творечки референци на Јовановиќ, инспирирани од француски уметници, поети, музичари, филмски режисери и мислители. Наместо преглед на француската уметност или реконструкција на дела од значајни автори, поставката ги истражува трагите што тие ги оставиле врз уметникот и неговото сфаќање на светот.

Според авторот, изложбата функционира како „личен визуелен архив“ во кој делата се организирани во повеќе композиции поврзани преку асоцијации, сеќавања и чувства. Меѓу значајните влијанија што ги обработува се надреализмот и автори како Андре Бретон, Ив Танги и Клод Каун, како и филмските творци Жан-Пјер Мелвил, Жан-Лик Годар и Леос Каракс.

Реклама

Посебно место во поставката имаат и идеите на францускиот теоретичар Ги Дебор и неговото дело „Општеството на спектаклот“, како и музичкото творештво на џез-музичарот Анри Тексиер. Преку различни визуелни композиции, Јовановиќ ги истражува односите меѓу уметноста и животот, меморијата и создавањето, реалноста и нејзината претстава.

Авторот изложбата ја опишува и како своевиден автопортрет, не на неговиот лик, туку на неговите погледи, сеќавања и творечки сојузништва со авторите кои влијаеле врз неговото творештво.

Како што информираат од Францускиот институт, отворањето е закажано од 17 до 18 часот, а модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанчевски, куратор во Музејот на современата уметност во Скопје.

Ден по отворањето, на 10 септември, Францускиот институт ќе организира Ден на отворени врати со целодневна програма посветена на новата културна сезона и почетокот на новата учебна година. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со активностите на Институтот, да се сретнат со уметници и партнери, како и да добијат информации за можностите за изучување на францускиот јазик и престој во Франција.

Ѓорѓе Јовановиќ (1980, Скопје) е визуелен уметник кој припаѓа на генерацијата автори што активно се вклучуваат на македонската современа уметничка сцена од почетокот на 21 век. Во своето творештво работи во различни медиуми, а неговите дела ги истражуваат прашањата на интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек, општествениот контекст, јавниот простор и слободата на изразување. Реализирал бројни самостојни и групни изложби во земјата и во странство и е добитник на повеќе домашни и меѓународни признанија, меѓу кои наградата „Денес“ за млад визуелен уметник (2009) и наградата за најдобар млад уметник на 10. Биенале на млади уметници (2013).