Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ гостува во Белград

Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), реализирана на тема „Невидливи траги“, по својата премиера во Скопје ќе биде претставена и пред белградската публика, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во 20 часот, а пред присутните ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), реализирана на тема „Невидливи траги“, по својата премиера во Скопје ќе биде претставена и пред белградската публика, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград.

Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во 20 часот, а пред присутните ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска, претседателката на Уметничкиот совет на Друштвото, Маја Рауник Кирков, како и директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

Како што соопштија од ДЛУМ, изложбата обединува дела на 42 уметници, членови на Друштвото, кои преку различни пристапи го разработуваат концептот на „невидливи траги“, надоврзувајќи се на поставката што во април беше изложена во Музејот на Град Скопје.

Реклама

Станува збор за традиционална годишна изложба, која ДЛУМ ја организира по пат на јавен повик. Во последните години, авторите своите апликации со податоци и фотографии од делата ги доставуваат преку онлајн платформа, по што следува селекција од страна на Уметничкиот совет.

„Експериментален цртеж“ претставува платформа за современи уметнички истражувања во медиумот цртеж, отворајќи простор за иновативни пристапи и интерпретации.

Гостувањето на изложбата во Белград е реализирано со поддршка од Министерството за култура и туризам и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.