Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Изложба на Самандова и Пелтроу насловена „Секогаш во изградба“

Изложбата „Секогаш во изградба“ на уметниците Ивана Самандова и Исмаел Пелтроу вечерва ќе биде отворена во изложбениот салон „Империјал 2“ во Културно-информативниот центар во Скопје, во рамки на програмата „CreArt – Уметник во престој“. Како што информираат организаторите, изложбата претставува заеднички уметнички проект на Пелтроу од Клермон-Феранд, Франција, и Самандова од Скопје, кои преку видео, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изложбата „Секогаш во изградба“ на уметниците Ивана Самандова и Исмаел Пелтроу вечерва ќе биде отворена во изложбениот салон „Империјал 2“ во Културно-информативниот центар во Скопје, во рамки на програмата „CreArt – Уметник во престој“.

Како што информираат организаторите, изложбата претставува заеднички уметнички проект на Пелтроу од Клермон-Феранд, Франција, и Самандова од Скопје, кои преку видео, објекти и скулптури ја истражуваат урбаната и културната слоевитост на главниот град.

Во поставката, Скопје е претставен како „жив организам што чува траги од секоја љубов, очекување, мисла и градба“, низ уметнички интерпретации на различни архитектонски периоди – од калдрмата и старите патеки до бруталистичките и модернистички фасади и неокласичните слоеви, како и празнините што се појавуваат меѓу нив.

Реклама

Изложбата ги поврзува индивидуалните уметнички позиции на авторите, при што еден поглед доаѓа од позиција на жител, а другиот од уметник-посетител. Преку оваа перспектива се отвора прашањето за постојаната трансформација на градот, неговата недовршеност и новите можности за читање на урбаниот простор.

Според најавата, концептот се базира на идејата за „талкање“ како уметничка и етичка пракса, која овозможува ново разбирање на односот меѓу архитектурата, секојдневието и очекувањата.

Изложбата „Секогаш во изградба“ се реализира во рамки на Европскиот проект „CreArt – Уметник во престој“, кој по седми пат се одржува во КИЦ – Скопје, со поддршка од Град Скопје и Европската комисија.

Ивана Самандова (1997, Скопје) е интердисциплинарна уметница која во својата работа ги истражува социо-политичките контексти и динамиките на моќ преку нови медиуми и инсталации. Таа има реализирано повеќе самостојни и групни изложби и е добитничка на наградата „Борко Лазески“.

Исмаел Пелтроу е француски уметник чија практика се движи помеѓу видео, перформанс, инсталација и скулптура. Учествувал на бројни меѓународни резиденции и изложби, и е ко-основач на програмата „WorkParty“ за поддршка на видео уметници.