Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Излезе второто изменето изданиe на „Охридски разговори“ – Книга I (2003–2007) на Свето Стаменов

Деновиве од печат излезе второто изменето издание на книгата „Охридски разговори?“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деновиве од печат излезе второто изменето издание на книгата „Охридски разговори?“ – I книга (2003–2007) на Свето Стаменов, политиколог, публицист и поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје. Оваа книга е дел од истоименото двотомно издание на интервјуа и разговори што тој ги реализира во периодот од 2003 до 2013 година со голем број претседатели на држави, министри за надворешни работи и за одбрана, домашни и странски политичари, универзитетски професори, експерти од разни области и лидери на верски заедници – учесници на меѓународни собири и конференции одржани вo Охрид.

Ова второ изменето издание на „Охридски разговори“– I книга, кое се појавува точно една деценија и по исцрпувањето на тиражот на првото издание, е благодарение на Општина Охрид, која во рамките на својот Јавен повик за финасирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Охрид за 2026 година, финансиски го поддржа неговото објавување, како и објавувањето на „Охридски разговори“ – II книга (2008-2013), кое наскоро треба да излезе од печат.

„Охридски разговори“ – I книга (2003-2007) содржи 58 интервјуа снимени во периодот од август 2003 до крајот на 2007 година и тоа за време на Регионалниот самит „Дијалог меѓу цивилизациите”, одржан на 28 и 29 август 2003 година под покровителство на покојниот претседател на Македонија Борис Трајковски, Конференцијата за имплементација на Јадранската повелба во септември 2003 година, Конференцијата на началниците на генералштабовите на армиите на земјите од регионот и двата најголеми собири одржани во Охрид и во нашава земја – Вториот безбедносен форум на Евроатлантскиот партнерски совет (28-29 јуни 2007 година и Првата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која под името „Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почит и соживот“ беше одржана од 26 до 28 октомври 2007 година.

Реклама

Книгата, меѓу другите, ги содржи интервјуата со поранешните претседатели на Хрватска, Србија и Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Албанија Стипе Месиќ, Светозар Маровиќ, Жељу Желев и Георги Прванов, Драган Човиќ и Бамир Топи, поранешните премиери на Шведска и на Албанија Карл Билт и Фатос Нано, шефовите на дипломатиите на Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија и Романија Тонино Пицула, Горан Свилановиќ и Вук Јеремиќ, Ивајло Калфин, Љуљзим Баша и Мирчеа Џоана, последниот шеф на дипломатијата на некогашна СФРЈ Будимир Лончар, генералниот секретар на УНЕСКО Коичиро Мацура, албанскиот писател Исмаил Кадаре, сараевскиот надбискуп кардинал Винко Пуљиќ, Господин Лаврентије – епископ Шабачки на Српската православна црква, главниот рабин на еврејските заедници во Србија и во Македонија Исак Асиел, епископот од Захле на Антиохиската православна црква Јостинос Паулос Сафар, бискупот од Осло на Лутеранската црква и претседавач на Европскиот совет на религиозни лидери Гунар Сталсет и претседателот на Кинеската исламска организација Ченг Гуангјан.

Книгата авторот ја посветува во знак на огромна благодарност и вечен спомен на неговата животна сопатничка и непресушна инспирација Искра Чоловиќ (1960–2023),

доајен на македонското спикерство, новинар и истакнат македонски публицист, автор и коавтор на 14 книги и идеен творец на „Охридски разговори?“.

„Охридски разговори“ – I книга (2003–2007), чија корица е дело на младата графичка дизајнерка Бојана Симевска, е збогатена и со пригодни текстови – рецензии на проф. д-р Цане Т. Мојаноски („Охрид – македонски и светски духовен центар“), проф. др. Милан Јазбец („Фреските на Охрид“) и Зоран Иванов („Во историјата на иднината – Свето Стаменов и Охридските разговори“).