Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар оти Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниедна земја кандидатка во Европската Унија не се однесува на земјите од Западен Балкан, туку на други земји кандидатки. 

– Убеден сум дека колегата Маѓар тоа што го кажал не го мисли за Балканот бидејќи досега, по изборот за претседател на владата на нашиот стратешки партнер Унгарија, има неколку десетици изјави во кои вели дека поддршката за Западен Балкан, во кој географски припаѓаме и ние, за пристапување кон Европската Унија е недвосмислена и искрена и таа никогаш не била доведена во прашање. Мислам дека се однесува на други земји кандидати за членство во Европската Унија – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по промоцијата на нови комунални возила за општините.

Петер Маѓар изјавата дека Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниедна земја кандидатка во Европската Унија ја дал по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Реклама

Мицкоски беше прашан и за евентуална истрага за унгарскиот кредит што го доби земјата во време додека премиер беше Виктор Орбан и притоа истакна дека тоа е внатрешна работа на Унгарија.

– Претпоставувам дека институциите на Унгарија ќе си ја завршат својата работа и ќе излезат со некакво соопштение поврзано со тој заем. ​И второто потпрашање – дали се плашам? Апсолутно не се плашам затоа што сето тоа е дел од нашето стратешко партнерство потврдено од двата парламенти и двете влади. Средствата се потрошени на транспарентен начин. Изразувам благодарност до Унгарија, која како наш стратешки партнер, која во времето кога се боревме, ја извадиме од банкрот државата поради долговите што ги наследивме од бандитската влада на СДСМ и ДУИ, беше прва што ни подаде рака – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.