Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Изградба на канализациска мрежа во должина од 450 метри на ул.37 во Волково

Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на инфраструктурни проекти во Волково, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на инфраструктурни проекти во Волково, со конкретни активности за решавање на долгогодишните проблеми на жителите. Како што соопштија од локалната самоуправа, во тек се работни активности за изградба на канализациска мрежа на улица 37 во должина од 450 метри, со што по повеќе од 50 години, жителите од овој дел на Ѓорче Петров добиваат основна комунална инфраструктура.

Паралелно, се завршува и делот од улицата што го поврзува Горно Мало со училиштето, со што ќе се подобри пристапот и ќе се создадат побезбедни услови за движење на учениците и жителите.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека решавањето на долгогодишните инфраструктурни проблеми останува еден од приоритетите на локалната самоуправа.

Реклама

-По повеќе од 50 години, семејствата од овој дел на Волково конечно добиваат канализација. На улица 37 работиме на потег од 450 метри, а паралелно го завршуваме и патниот правец што го поврзува Горно Мало со училиштето. Целта е јасна, а тоа е да обезбедиме подобри услови за живот и побезбедно движење за секое семејство и секое дете. Секој решен инфраструктурен проблем е важен чекор напред за нашите сограѓани – изјави градоначалникот Стојкоски.

Работите на улица 37 се дел од поширокиот инфраструктурен циклус што се реализира во Волково, со проекти за изградба и реконструкција на улици, канализациска мрежа и подобрување на сообраќајната поврзаност.

Општина Ѓорче Петров продолжува со активна работа со фокус на подобрување на комуналната инфраструктура, безбедноста и условите за живот на граѓаните, стои во соопштението.