Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Изградба на дестилерија во Кавадарци може да ги намали финансиските загуби кај лозарите

Доколку се изгради дестилерија во Кавадарци, ќе се намалат финансиските загуби на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку се изгради дестилерија во Кавадарци, ќе се намалат финансиските загуби на тиквешките лозари. Количините вишок грозје, како и неквалитетниот род кој откупувачите не сакаат да го откупат, со ова можат да завршат како дестилат наместо на депониите, а за што лозарите, секако, би добиле и соодветен надоместок, смета кавадаречкиот градоначалник. Дестилеријата би функционирала под капата на Министерството за земјоделство, со што од неа корист би имале и лозарите, но и државата.

„Притискаме максимално во програмата на Министерството да влезе и да се одвојат средства за изградба на таа дестилерија. Не се енормни средства, не се незамисливи средства, тоа се некои 6–8 милиони евра за комплетната изградба на дестилеријата, која што ќе акумулира негде до 30–40 милиони килограми грозје, од кои што ќе треба да произлезе околу 5–6 милиони литри дестилат“, – вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Овој проект се заговара веќе 8 години, за што е направена и физибилити студија. Меѓутоа, тој не поминал кај претходната власт, за разлика од сегашнава, кај која има интерес и на овој начин да им помогне на лозарите за поисплатливо земјоделство.

Реклама

„Комплетната физибилити студија, со уназад 20 години на род и квалитет на грозје, беше предадена во Влада во 2018 година, во јануари месец. И приемно бројче имаме, и штембилно бројче, и дека ќе нè викнат на Влада и дека ќе разговараме за темата. Немаше ништо! И верувам дека оваа Влада сега треба да ја спроведе таа заложба за изградба на дестилерија“, – потенцира Јанчев.

Според него, дестилеријата не мора да биде ниту општинска, ниту со јавно-приватно партнерство, туку може да биде државна, со што државата ќе добие можност – алкохолниот дестилат да го прибере во стоковите резерви и потоа да го користи за свои цели.

Од друга страна, заинтересираноста на оваа Влада континуирано да им помага на земјоделците, вклучително и на лозарите, се потврдува и со последната исплата на повеќе од 7,8 милиони евра за 12.458 лозари за одржување на постојни лозови насади.