Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Свет

Италија: Убиени две студентки, телото на едната е пронајдено во куфер

По убиството на две студентки, во Италија има повик за „културен бунт“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По убиството на две студентки, во Италија има повик за „културен бунт“. Со нивното убиство, бројот на убиени жени во оваа земја од почетокот на оваа година се зголеми на 11.

Сара Кампанела (22), студентка по биомедицина, на 31 март попладнето била избодена со нож на автобуска постојка во сицилијанскиот град Месина и починала додека била транспортирана во болница. Нејзиниот колега од факултет Стефано Аргентино (27) бил уапсен подоцна во градот Ното. Адвокатот на Аргентинo, Рафаеле Леоне за италијанските медиуми изјави дека неговиот клиент го признал убиството.

Антонио Д’Амато, обвинителот во Месина, тврди дека Аргентинo упорно и постојано ја малтретирал Сара, откако таа дошла на Универзитетот во Месина пред две години.

Реклама

Два дена подоцна, односно на 2 април, телото на Иларија Сула (22), студентка на Универзитетот Сапиенца во Рим, беше пронајдено во шума во близина на Рим. Нејзиното тело било пронајдено во куфер. Таа исчезна на 23 март и се претпоставува дека е избодена до смрт. Полицијата го испрашува нејзиното поранешно момче Марко Самсон (23) поради сомнение дека ја убил и го сокрил нејзиното тело.

Убиствата беа проследени со протести во Месина, Рим и други италијански градови. Во јавното мислење, прашањето за насилството врз жените во Италија повторно стана актуелно. Имено, минатата година во оваа земја имало 113 случаи на фемицид, од кои во 99 случаи сторители биле роднини, партнери или поранешни партнери.

Секретарот на централно-десничарската партија „Ние умерени (Нои Модерати)“ Мара Карфања повика на културен бунт.

-Од регулаторна гледна точка, Италија е понапредна од другите земји, но културно не успеавме да се развиваме со иста брзина. За ова ни треба револт од сите нас, вели Карфања.

Владата го одобри предлог-законот со кој фемицидот се признава како кривичен закон. Со овој предлог закон се предвидува доживотен затвор за тешки кривични дела. Владата го направи ова откако Филипо Турета ја уби својата поранешна девојка Џулија Чекетин (22) во ноември 2023 година. Турета беше осуден на доживотен затвор во декември минатата година, пишува весникот Гардијан.