Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Истрагата за дадилката која сурово тепаше двегодишно дете во игротека се уште трае

Под изговор дека двата случаи со дадилки што матретираат деца се под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под изговор дека двата случаи со дадилки што матретираат деца се под истрага на надлежните, министерството за труд и социјална политика молчи. Па јавноста останува покуса за одговорот дали во агенциите што посредуваат при вработување на дадилки и негувателки, се работи согласно законите. Од Јавното обвинителство за Алфа велат дека се уште траат истрагите.

-Во двата предмети, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор против осомничените негувателки. Имајќи ги предвид конкретните околности, во првиот случај судијата на претходна постапка донесе решение со кое на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена, додека во вториот случај на осомничената и беше определена мерка куќен притвор.
Оттаму додавааат дека откако ќе се обезбедат докази, ќе бидат донесени и јавнообвинителски одлуки, велат од ЈО.

Во меѓувреме, малиот Дарио, што беше малтретиран од дадилката фатена во игротека во Аеродром, се буди со врисоци и агресивно реагира без причина, раскажува за Алфа неговата мајка.

Реклама

-Допрва ќе се анализира посттрауматскиот синдром. Има проблем со спиењето, се буди со врисови, а и без причина реагира со агресија, што не е вообичаено. И кај неговите две братчиња има последици, но не се манифестираат како кај него. Засега сами ги чуваме нашите деца. Иако немам повеќе доверба, имам потреба од дадилка, но од Асоцијацијата на дадилки, од каде претходни ни рекоа дека ќе ни помогнат, засега немаат слободна негователка, изјави Дамбева во телефонски разговор за Алфа.

Родителите на Дарио велат дека се бесни и гневни. Очекуваат правда, па иако не им веруваат премногу на институциите, се надеваат дека дадилката монструм што цела година ги чувала нивните три близначиња, ќе добие најстрога казна.

Сања Трајковска Ставров