Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Прилози

Историски најголема заплена на царината: На „Табановце“ запленти половина милион евра

За половина милион евра е побогат буџетот на Македонија, откако на државниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За половина милион евра е побогат буџетот на Македонија, откако на државниот граничен премин Табановце е спречен историски шверц на пари. Станува збор за најголемата заплена на пари на Царинската управа во Македонија.

Првиот цариник Николовски информираше дека парите биле пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус на туристичка агенција од Албанија. Кешот бил спакуван во 14 проѕирни ќеси, кои најпрво ги намирисало царинското куче, а сомнежите се потврдиле со детално скенирање на возилото од Службата за мобилни скенери.

Инспекторите од мобилниот тим пристапиле кон отстранување на профилот во кој биле пронјадени ќесите. За тоа чии се еврата и дали Македонија била крајната дестинација каде истите требало да завршат, допрва ќе утврдуваат надлежните институции.

Реклама

„Мобилниот тим кој поседува огромно искуство веднаш забележува преправки на возилото по што е пуштено царинското куче кое укажало на индиции за криумчарење на истото место. Сомнежите се потврдија и со скенирање на возилото од службата за мобилни скенери по што инспекторите од мобилниот тим пристапиле кон отстранување на прифилот во кој биле пронајдени 14 проѕирни ќеси во кои биле спакувани 500.000 евра ќеш пари“, изјави Бобан Николовски, директорот на Царинската управа.

Заедно со возачот од Алабнија со иницијали Џ.Г. биле уште седумина патници. Кумановскиот суд веќе пресуди на возачот да му се одземат возилото и парите.

„Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Албанија, со иницијали Џ. Г., кој управувал со минибусот, е соодветно гонет, за што веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд во Куманово“, изјави Бобан Николовски директорот на Царинска управа.

Николовски нагласи дека девизите веднаш биле предадени во Агенцијата за привремено одземен имот, а  потоа истите се депонирани во Народната Банка. Тие ќе бидат искористени за нови патишта, болници и учлишта, а цариниците кои ги запленија еврата ќе бидат наградени со 10.000 денари.