Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Искусни пожарникари апелираат да не се штеди на безбедноста во угостителските објекти

Една од најголемите трагедии во историјата на Македонија,катастрофалниот пожарот во Кочани кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една од најголемите трагедии во историјата на Македонија,катастрофалниот пожарот во Кочани кој однесе 59 млади животи треба да не научи и освести дека секој треба одговорно да си ја вржи својата работа. Охриѓанецот Коста Кузманоски кој  целиот свој работен век го поминува како пожарникар, отворено зборува за тоа какви матерјали се користат при изградба и уредување на угостителските објекти речиси секаде во Македонија.

 Многу треба  големо внимание да се обрне на објектите кои што можат да соберат многу посетители тука има прописи за кои гледаме дека не се придржуваат.Прво треба да има повеќе влезови, излези, треба да има хидрантска мрежа, треба да има пп апарати, треба да има лица кои што знаат да ракуваат со пп апарати.Е сега каде повеќе, каде помалку, секаде по нешто фали,никаде не е комплетно.Угостителските објекти горат брзо затоа што пред се узградени со лесно запалливи матерјали.”-вели Коста Кузманоски-заменик командир на ТППЕ Охрид

Со цел да се избегнат големи трошоци кога се инвестира во угостителски објекти се импровизира со небезбедни матерјали кои многу брзо горат и за 5 до10 минути можат да го претворат локалот во пепел.Особено внимание треба да се посвети на покривните конструкции во случај на пожар да имаат најмалку 30 минутна издржливост.Кузманоски потенцира и дека многу малку организаторите на коцертите поднесуваа барања до противпожарните единици за обезбедување на настаните.

Реклама

Обично кога има настапи избегаваат да не повикаат, само не известуваат меѓутоа по правило треба на секој таков голем настап да има противпожарна екипа заради безбедност на посетителите, особено кога имаме голем број на посетители на еден простор. Меѓутоа да речам дека 20 % само од настаните се покриени со барање

Во име на охридската противпожарна единица, Кузмански со апел до надлежните да се направат детални контроли на сите угостителски објекти во Охрид,пред велигденските празници кои го полнат градот.Изминативе денови се проверуваа лиценците за работа на угостителските објекти низ државава.Беше истакнато дека во Охрид имало 4 објекти од кои 3 со важечки и еден без лиценца .Ова внесе забуна во јавноста бидејќи бројот на кабареа, ноќни клубови и дискотеки е многу поголем.Иако дел од нив сега не работат,но се актуелни во сезона,охриѓани апелираат да се спроведат контроли на сите до еден  угостителски објекти кои постојат во Охрид, да се провери дали сопствениците ги поседуваат сите потребни документи,оти од месец мај сите ноќни локали почнуваат со работа.

Новинар Росица Голабоска