Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Инвестиција од 2,7 милиони евра – охридскиот аеродром ќе стане модерен и со проширени капацитети

Пред почетокот на летната сезона, најдоцна до крајот на месец мај, Охрид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред почетокот на летната сезона, најдоцна до крајот на месец мај, Охрид ќе добие модерен аеродром – започна реконструкција на „Свети Апостол Павле“, вториот македонски аеродром. Ова е прв поголем зафат откога постои аеродромот и е историски момент за Охрид и останатите општини кои гравитираат тука. Станува збор за инвестиција вредна 2,7 милиони евра.

Парите ќе бидат наменети за изградба на нова административна зграда, реконструкција на терминалната зграда, како и проширување на капацитетите на аеродромот, што ќе влијае позитивно на економскиот развој и туризмот во регионот. Аеродромот во Охрид ќе добие 4500 м² функционален простор, што е двојно повеќе од сегашните капацитети, и значително ќе ја подобри неговата функционалност.

„Инвестицијата е во повеќе фази. Едната е ова што се гледа и што се работи, но постојат и многу споредни инвестиции кои што сакам да ги споменам. Прво, тука се активностите на М-НАВ поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука, а веќе интензивно се работи на Скопскиот аеродром. Понатаму, изградбата на автопатот Охрид–Кичево, кој што е дел од коридорот 8. Можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за 5 минути се стигнува до аеродромот, а до Струга некаде за десетина минути“, рече Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Реклама

„Охрид е срцето на македонскиот туризам, место на историја, убавина и топло гостопримство. Искрено верувам дека може да блесне уште посветло на светската сцена, пречекувајќи сè повеќе посетители и гости“, рече Неџат Курт, директор на ТАВ Македонија.

Николоски истакна дека од почетокот на мандатот на оваа Влада има 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Она што е многу важно е што почнуваат да се воспоставуваат дестинации за кои не се плаќаат субвенции. Николоски е оптимист дека бројката на патници и натаму ќе расте.

„Најдобар доказ за тоа е дека минатата година само на Скопскиот аеродром поминаа 3 милиони патници. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми, што многу ќе значи за целата држава“, рече Николоски.

Ваквиот развој ја зголемува атрактивноста на Македонија и кај странските туроператори. Премиерот Мицкоски е задоволен што интересот расте.

„Со еден сме веќе во завршна фаза на преговори, мислам дека веќе сме и пред потпишување, склучување на договор. Станува збор за туроператор кој што, надвор од сезоната, условно кажано, иако се трудиме сезоната да биде 365 дена овде, надвор од една летна сезона да донесе некаде вкупно околу половина милион ноќевања. Анализите покажуваат, врз основа на досегашната соработка со овој туроператор, дека гостите кои што тие ги носат дневно трошат, вклучително со сместување и останатите трошоци, просечно околу 170 евра“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Со воведување на авиолинијата Охрид–Милано, од денеска почнува летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми. Од охридскиот аеродром, осум авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации. Од мај „Аустријан ерлајнс“ ќе почне со летови од Охрид до Виена, а од јуни „Виз ер“ ќе почне да лета и од Вроцлав и Катовице до Охрид. Претходно овој месец, „Виз ер“ веќе започна да лета од Охрид до Братислава. Оваа година се очекува континуиран двоцифрен раст.