Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Интензивни инспекторски контроли и на охридските угостителски објекти

Испекциските служби на терен, се прават детални контроли во хотелите на охридско-струшката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Испекциските служби на терен, се прават детални контроли во хотелите на охридско-струшката ривера, се проверуваат кујните, сместувачките капацитети, салите каде се одржуваат разни свечености.

„Многу е наблагодарно да се коментира после еден ваков настан, но секако дека донесе една голема претпазливост кај ситe. Tие што имаат противпожарни елементи за заштита ги проверат истите но и тие што немаат. Тоа е факт, само што имаме еден недостиг во моментов од противпожарни апарати, што значи дека имало многу кои биле или застарени или ги немале воопшто”-вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Но не се проблем само противпожарните апарати,пожарникарите укажуваат дека секој објект, вклучувајќи ги и хотелите треба да имаат внатрешна хидрантска мрежа.

Реклама

„Пожелно е да има,меѓутоа знаеме од искуство дека нема.И затоа ние апелираме секој објект да има пп апарати и лице кое што знае да ракува со пп апарати за да може во почетна фаза да е спречи пожарот.Исто така пожелно е каде што има хидрантска мрежа да се провери хидрантската мрежа да е во функција”– вели Коста Кузманоски-заменик командир на ТППЕ Охрид

Tрагедијата во Кочани го потресе целиот регион и иако со години соработуваме со исти туристички оператори и агенции, сепак разбирлива е нивната загриженост и интересот со каков тiп на противпожатни апарати располагаме,вели Блажески. Сепак додава тој не верувам дека ќе има некои последици во однос на туризмот. Од здружението на хотелиери очекуваат со контролите да се опфатат сите хотелско-угостителски објекти.

„Секако да и тоа е во очекување и тие контроли треба да работата стално не можат да бидат само во одреден момент кога тоа некој го бара од нив или не.Нивната работа е да си ја вршат таа должност да проверуваат секакви објекти но покрај се да влегуваа и во тие нелегални објекти, односно непријавени објекти”-вели Блажески

Инаку до сега во Охридско преспанскиот регион изгореа два хотели, во 2005-та изгоре некогаш елитниот хотел “Европа во Отешево,а”во 2013-та,пламените јазици  за петнаесетина минути пеплосаа дел од хотелот “ Бренд“ лоциран на охридското крајбрежје. За среќа, во моментот кога избил пожарот во објектот немало гости.