Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје го одбележа 5 мај Денот на македонскиот јазик

Институтот за македонски јазик е првата институција во Македонија која на 5…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за македонски јазик е првата институција во Македонија која на 5 мај 2019 година го одбележа Денот на македонскиот јазик и затоа остануваме верни на традицијата, истакна професорката д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје, институција која свечено го одбележа 5 мај Денот на македонскиот јазик.

Пред аудиториумот на денешната свеченост, Јованова-Грујовска потсети дека оваа година Институтот одбележува 100 години од смртта на Крсте Мисирков, патрон и како што рече најзначајниот Македонец на 20 век и првиот кодификатор на македонскиот јазик.

– Одбележуваме 105 години од раѓањето на единствениот Блаже Конески, конечниот кодификатор на македонскиот јазик, 85 години од погибијата на Коле Неделковски, 20 години од смртта на великиот Петре М. Андреевски, а оваа година Македонија одбележува 60 години „Струшки вечери на поезијата“,…заедничко за сите нив е негувањето, чувањето и издигнувањето на македонскиот јазик. Сите книги, песни, стихови се напишани со кирилица. Кирилицата е единствена македонска азбука, таа е нашето писмо што не дефинира пред светот како единствени и посебни. Нашата порака е до сите граѓани во Македонија, особено до младите генерации, да пишуваме со кирилица како што пишуваат нашите родители, нашите баби и дедовци, како што пишувале нашите борци за слобода. Кирилицата е нашето богатство, нашето културно наследство што не прави свои, препознатливи, различни, единствени во Европа и светот. Нашата задача е да создаваме на македонски јазик, нагласи Јованова-Грујовска.

Реклама

Професорката д-р Христина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура потсети дека во последниве три години во Европа отворени се три нови лекторати, а ќе се возобноват згаснатите.

-Денес свечено се потсетуваме на вековниот процес на раст на македонскиот јазик кој што се развивал со процесите на описменување, просвета, творештво, книжевност, култура и наука. Денес македонистиката е студиозна, компетентна, стабилна наука која се развива во светски рамки. Меѓународниот семинар при УКИМ е континуирано посветен на развој на лекторатите на македонски јазик во странство и на центрите во кои се изучува македонистиката. Во последните три години се отворија три нови лекторати по македонски јазик во Тирана-Албанија, во Нитра-Словачка и се возобнови стариот лекторат во Неапол-Италија. Радува фактот што во светот има голем интерес за македонскиот јазик. Пред нас е отворање на нови лекторати и возобнова на згаснатите, најави Николовска.

За Денот на македонскиот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје беше приредна и уметничка програма.