Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Институциите молчат, јавноста во дилема – што се крие зад аферата „кокаин“?

Молк во институциите по завчерашната акција против лица осомничени за трговија со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Молк во институциите по завчерашната акција против лица осомничени за трговија со кокаин. Ниту денеска, ни од обвинителството, ни од МВР не соопштуваат детали за акцијата во која беше приведена и познатата македонска актерка Силвија Стојановска. Молкот на надлежните отвора сомнеж, дали наскоро и други лица за истото дело ќе паднат во рацете на меѓународните партнери? Непознато е колку лица учествувале во криминалната мрежа и колкав период траеле нивните активности на црниот пазар? Од МВР велат информација за случајот ќе имало „кога ќе дојде време“.

Судија на претходна постапка на македонската актерка ѝ одреди 30 дена куќен притвор, а нејзиниот партнер, Војислав Будисављевиќ заврши во истражниот затвор во Шутка. Вчера за Алфа, само кривичниот суд потврди дека мерките за Стојановска и Будисављевиќ биле побарани од обвинителството за организиран криминал и корупција, а судија на претходна постапка ги одредил по три основи: влијание врз сведоци, повторување на делото и обид за бегство.

Во јавноста веќе се шпекулира дека актерката Стојановска била задолжена за логистика: набавки на билети, резервации на хотели, додека клучниот играч во македонската тројка бил братот на Восилав Будисављевиќ кој живее во Мадрид. Во неговиот стан, шпанската полиција нашла докази за трговија со големо количество кокаин, наводно 700 килограми.

Реклама

Медиумите веќе објавија дека Стојановска и браќата Будисаљевиќ се само алка во мегаломанскиот обид во Шпанија да се внесат три тони колумбиски кокаин кои пред три недели заврши во рацете на полицијата. Дрогата била сокриена во подморница, а требала да заврши на улиците во Велика Британија. Шверцерите од оваа пратка планирале да заработат 100 милиони долари.

Будисављевиќ, во 2010 година беше осуден заедно со Мадам Пепи, односно Персида Момировска, во аферата шверц на кокаин и брендирана облека. Тој тогаш одговараше само за фалсификување на службена исправа, но не и за другите две дела.

Инаку, сличен ваков случај со заплена на кокаин имаше и во 2007 година, кога на граничниот преми Блаце беше откриена голема количина кокаин во канти за поликолор во камион превезуван од Алија Азировиќ. Тој заедно со Станислава Чочоровска беа осудени за организирање на транспортот на близу 500 килограми кокаин. Чочоровска доби 14 години затвор, а во 2017 беше пуштена на слобода заради лекување.

Биљана Божиновска