Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Бизнис

Инспекторите на терен – Се проверува дали се почитува „новогодишната кошничка“

Расте листата на производи кои се дел од новогодишната кошница. 1036 продукти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте листата на производи кои се дел од новогодишната кошница. 1036 продукти заклучно со претпладнево се во кошничката, а истата не е затворена. Во акцијата досега  учествуваат над 90 производители и дистрибутери, а граѓаните можат да ги купат поевтините производи за минимум 10 отсто во 38 ланци на маркети.  Од министерството за економија очекуваат да се зголеми листата  и апелираат до копманиите да ја почитуваат акцијата која сами ја донеле. Министерот Дурмиши појасни дека додека трае акциската продажба, односно до 15-ти ноември треба да е пречртана старата цена и да ја пишува новата намалена цена:

„На рафтовите треба да биде истакната новата намалена цена и старата цена. На веб страната „мојакошница“ транспарентно се објавени сите производи кои токму компаниите, дистрибутерите и трговците ги понудиле за граѓаните“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Алфа направи обиколка по дел од маркетите во Скопје. Видливи беа налепниците со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Налепниците ги забележале и граѓаните, но велат дека цените претходно биле покачени, а за резултатите треба да се почека

Реклама

Од државниот пазарен инспекторат појаснуваат дека се утврдуваат цените во изминатите 30 дена пред да стартува мерката, односно намалување од 10 отсто треба да има на цената која што била најниска во изминатиот месец. Во текот на вчерашниот ден биле констатирани ситни пропусти, како нејасно одбележување на производите, или паднати флаери, но денеска се отсранети.

Станува збор за акциска продажба, трае еден месец и е на трговците, кои во случајов сакаат да покажат општествена одговорност. Се утврдуваат изминатите 30 дена. Формално-правно имаме механизам да ги провериме уште еден месец претходно, меѓутоа по Закон за заштита на потрошувачи ние контролираме за овие 30 дена, односно најниската цена во тие денови“, вели Стојаноски директор на ДПИ.

Од министерството за економија велат дека доколку се констатираат прекршоци ќе има опомени, а доколку се продолжи на тој начин  има законски механизми за казни . Инаку,  се очекува заштедата во домаќинство да е повисока од минатата кошница, кога беше околу 20-тина евра.