Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Инспектори од ДИЗ во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион

Откупот на тутун тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откупот на тутун тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај една компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм, е констатирно по денешната контрола извршена од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.

Директорот Анакиев посетил неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.

– Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг прва класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите, се наведува во соопштението од ДИЗ.

Реклама

Од ДИЗ најавија дека инспекторите остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот.