Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Иновациите, дигитализацијата, условите за пензионирање и демографските влијанија, беа темите на Техничкиот семинар во организација на Европската мрежа на ИССА

Заменик директорот на Фондот на ПИОМ, Вахид Ферати и директорката на Секторот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик директорот на Фондот на ПИОМ, Вахид Ферати и директорката на Секторот за остварување права од ПИО, Билјана Стојанова учествуваа на  семинар во организација на Европската мрежа на  Меѓународната асоцијација за социјално осигурување (ИССА) ,што  се одржа во Тирана, Албанија. 

Тема на семинарот беше „Зајакнување на услугите во пензиските шеми: Одговор на потребите на постарите лица“.

Семинарот го отвори Делина Ибрахимај, министерка за економија и иновации на  Република Албанија, која нагласи дека пензискиот систем зависи од праксата и примената. Таа рече дека на семинарот ќе се разговара и ќе се разменат искуства за  новините во институциите во примената на пензискиот систем, условите за пензионисрање, иновациите во пензискиот систем, достапноста на услугите до граѓаните, како и за тоа како дигиталните услуги да станат лесни за користење.

Реклама

На учесниците на семинарот им се обрати и Генералниот секретар на ИССА, Марсело Аби-Рамија Каетано, кој се задржа на демографските промени и нивното влијание врз пазарот на трудот. 

Независниот експерт од Норвешка Симон Симба потенцира дека пензијата претставува финансиска сигурност, социјализација и солидарност. Тој нагласи дека треба да се работи на дигитализација за да се олесни пристапот до податоци, информации и севкупниот систем. Посебен акцент, Симба  стави на примената на вештачката интелигенција, како и потребата од голема внимателност поради ризиците што ги носи нејзината примена во институциите.

На семинарот се говореше и за барањата и начинот на пресметката на пензиите во европските земји, а се разменија и искуства за начините на достава на потврдите за живот и склучувањата на договори за електронска размена на податоците како чекор во подобрувањето на квалитетот на услугите. 

На семинарот учествуваа  претставници од Холандија, Чешка, Германија, Словачка, Полска, Португалија, Турција, Узбекистан, Франција, Србија, Австрија, Азербејцан.

Фондот на ПИОМ е долгогодишна членка на Меѓународната асоцијација за социјално осигурување (ИССА) и активно учествува во нејзините активности.