Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи.

Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт.

Проектот е инспириран од романот „Физика на тагата“ на бугарскиот писател Георги Господинов, разработувајќи ја идејата за човекот како носител на повеќе идентитети и состојби.

Реклама

Во визуелно-театарскиот концепт, митскиот лик на Минотаурот е третиран како симбол на отфрленото и невидливото во општеството, додека лавиринтот се интерпретира како внатрешна психолошка состојба.

Посебен акцент во проектот е ставен на инклузивноста, при што креативниот процес вклучува лица со типичен и атипичен развој од Центарот „Порака“ – Скопје, заедно со членовите на Театар Пи. 

Автор на текстот е Златко Митрески, кој заедно со Македонка Митреска Илиевска ја режира претставата. Музиката ја потпишуваат „Алембик“ и Дино Рамо, а за костимите и шминката е задолжена Сандра Миовска.