Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Инфлацијата забавува – податоците за август поповлни од јули

Месечната инфлација во август забавува – потрошувачките трошоци за живот се зголемени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Месечната инфлација во август забавува – потрошувачките трошоци за живот се зголемени за 0,2%, што е значително помалку споредено со месечната стапка во јули, која изнесуваше 1,1%.

Месечната инфлација на храната и безалкохолните пијалоци изнесува 0,6%. Во одредени групи на производи забележано е намалување на трошоците: риба и морски плодови (-0,9%), масла и масти (-0,1%), овошје (-1,5%), шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторски производи (-0,2%), останати прехрамбени производи (-0,9%), минерална вода, безалкохолни пијалоци, сокови од овошје и зеленчук (-1,1%), кафе, чај и какао (-0,2%).

Малиот месечен раст на индексот на трошоци за храна и безалкохолни пијалоци се должи главно на зголемените цени на зеленчукот, кои забележаа раст од 4,9%. Овој тренд е присутен подолг период во целиот регион, поради намалените приноси и понудата како резултат на неповолните временски услови.

Реклама

На годишна основа, инфлацијата исто така забавува. Во август стапката на инфлација изнесува 4,4%, намалена во споредба со јули кога беше 4,8%. Годишната инфлација на храната бележи ист тренд на забавување, изнесувајќи 5,4%, наместо 6% во јули.