Реклама
Прилози

Имало и македонски државјанин во „Барот на смртта“ во Кран-Монтана

Сѐ уште се трага по младиот Стивен Ивановски од Македонија кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сѐ уште се трага по младиот Стивен Ивановски од Македонија кој се најде меѓу останатите исчезнати по пожарот во барот на ски-центарот Кран-Монтана во Швајцарија. Според првичните сознанија дел од повредените се во критична состојба, а дел се во болници во соседните градови и држави и уште не се знае кој каде е.

Од македонката Влада велат дека се во постојана комуникација со швајцарските власти, во очекување на најновите информации. Во меѓувреме од Министерството за здравство велат дека ги разгледуваат можностите и капацитетите кои се на располагање за да и се обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во смисла на искуство и здравствени можности.

„Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство (меѓу исчезнатите). Во контакт сме со швајцарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста“ вели Марија Митева, портпарол на Влада

Реклама

Синоќа шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски се сретна со швајцарскиот амбасадор  во земјава Кристофер Зомер, изразувајќи ја подготвеноста на Македонија да пружи секаква помош.

Во меѓувреме, знамињата се на пола копје. Швајцарија прогласи денови на жалост додека бројката на жртви по пожарот расте. Првиот човек на државата Ги Пармелен, несреќата ја опиша како една од најтешките трагедии што некогаш и се случиле на земјата.

„Ова е трагедија од невидени и ужасни размери. Многу животи, претежно млади, се изгубени. Зад овие бројки стојат лица, имиња, семејства, судбини брутално прекинати или засекогаш променети. Во име на владата упатуваме најискрено сочувство на семејствата и најблиските на жртвите“ вели Ги Пармелен, претседател на Швајцарија

Од Брисел соопштија дека соработуваат со швајцарските власти за да им се обезбеди медицинска помош на жртвите преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Инаку, пожарот избил во еден часот по полноќ на новогодишната ноќ, несреќата била пријавена веднаш. Причината за пожарот била порадзаради употреба на пиротехника.

Давид Крстевски