Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ИМАГО-панел на ИФФК „Браќа Манаки“: Иднината на кинематографијата зависи од вклучување на новите технологии, доаѓа време за промена на продукциската реалност

– Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО, традиционален поддржувач на ИФФК „Браќа Манаки“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО, традиционален поддржувач на ИФФК „Браќа Манаки“, во рамки на фестивалот, денеска одржа панел со кинематографери од повеќе држави на тема „Иднината на кинематографијата“.

Според првиот човек на ИМАГО Мустафа Барат, кој денеска беше во улога на модератор, кинематографијата, а тоа значи кинематограферите во светот, денес се соочуваат со големи предизвици и затоа токму фестивалот во Битола е одлична можност отворено да се разговара за актуелните состојби и предизвиците на кинематограферите кои ја креираат иднината на кинематографијата.

-ИМАГО е активна глобална мрежа создадена со цел да ги обедини кинематограферите за да разговараат за решенија за заедничките предизвици. Ако сме се определиле да ја прмовираме уметноста на кинематографијата на глобално ниво, тогаш треба меѓу нас да споделуваме искуства и знаење. Всушност, иднината на кинематографијата директно зависи и е поврзана со промена на технологиите или вклучување на новите технологии, доаѓа време за промена на продукциската реалност, рече меѓудругото Берат.

Реклама

Учесниците на панелот беа едногласни дека треба отворено да говорат за иднината на нивниот занает, да ги разбираат новите правила и што е најважно да внимаваат на својот интегритет и имиџ. Но, како што беше нагласено, не можат да го избегнат налетот на вештачката интелигенција.

-Ова е време на промени и логично, тешко е да се најде полесниот пат за развој на кинематографијата. Ова е време кога мора многу да се работи, ова е нов век, луѓето сакаат и очекуваат повеќе. Вештачката интелигенција (ВИ) е неизбежна реалност и ние несмееме кон неа да се однесуваме како слон во соба, посочи Ѓорге Арамбашиќ, кинематографер од Србија.

Кинематограферите од Венецуела, Белгија, Ерменија и други држави потврдија дека скоро и да нема кинематографер кој како алатка не ја прашува, користи ВИ, нема занает без новите технологии, но во секоја ситуација треба да се внимава и заштити креативноста и оригиналот врз кои вештачката интелигенција може да има големо влијание.

Меѓународната федрација на кинематограферите ИМАГО својот ангажман и поддршка на ИФФК „Браќа Манаки“ ги афирмира и на својата официјална веб страница нагласувајќи дека во Битола се одбележуваат 47 години филмска извонредност, и затоа ИМАГО оддава почит на богатата историја на фестивалот кој се организира во духот на современата кинематографија.