Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Идентификувани 24 жртви во пожарот во Кран-Монтана

Продолжува истрагата за трагедијата во Кран-Монатана. Идентификувани се уште 16-ет тела –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува истрагата за трагедијата во Кран-Монатана. Идентификувани се уште 16-ет тела – жртви од пожарот во локалот наречен „барот на смртта“. Вчера биле идентификувани уште осум тела, со што бројката се зголеми на 24. Полицијата потврди дека меѓу жртвите има државјани на Швајцарија, Италија, Турција, Романија и Франција, а меѓу нив е и македонскиот државјанин, 17-годишниот Стивен Ивановски.

„Броиме над 40 жртви и приближно 115 повредени, повеќето од нив сериозно. Приоритет ќе биде идентификувањето на починатите, за да можат нивните тела брзо да им бидат вратени на нивните семејства“ вели Фредерик Гислер, полициски комесар за кантонот Вале

Отворена е кривична истрага против сопствениците на барот „Ле Констелејшн“. Според државната обвинителка на кантонот Вале, Жак и Џесика Морети се сомничат за убиство и предизвикување телесни повреди од небрежност.

Реклама

„Поведена е кривична истрага против двајцата менаџери. Оваа кривична истрага ќе овозможи, во соработка со сите засегнати страни, да се истакнат и истражат сите можности. Како што постојано наведував, ниту еден начин не е занемарен. Сите можности се истражуваат и со отворањето на оваа истрага, ќе ни овозможи да продолжиме во согласност со законот за кривична постапка“ вели Беатрис Пилуд, државен обвинител за кантонот Вале

Од Федералната служба за цивилна заштита на Германија велат дека државата примила 11-ет тешко повредени лица за лекување од Швајцарија и дека засега не се планираат нови трансфери. Според лекарите од италијанскиот регион Ломбардија, идентификацијата на некои од повредените е тешка поради сериозноста на нивните повреди.

„Нивните лица се целосно преврзани. Не можеме да ги отстраниме завоите за да ги идентификуваме. Тие се интубирани и не можат да зборуваат“ вели Гвидо Бертоласо, одговорен за здравство во италијанскиот регион Ломбардија

Швајцарските власти го прогласија петок, 9 јануари, ден на национална жалост. Црковните ѕвона ќе одекнат во 14 часот кога ќе започне погребната церемонија за жртвите од трагедијата во Кран Монтана.

Давид Крстевски