Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Идејата за 12 месеци породилно отсуство добива силна поддршка – се прават финални анализи

Идејата на Фондот за здравство за продолжено породилно отсуство од 12 месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идејата на Фондот за здравство за продолжено породилно отсуство од 12 месеци предизвика бран позитивни реакции во јавноста.Граѓаните се погласно ја поздравуваат оваа мерка за која надлежните сериозно размислуваат, оценувајќи ја како историски чекор во поддршка на семејството и мајките. Mинистерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, вели дека на маса се сите опции на таа тема и се разгледува дали таква мерка ќе може да се предложи.

Во време кога има пад на наталитетот во Македонија, оваа мерка се гледа како силен поттик за младите семејства – оценуваат здруженијата за еднаквост на жените.Од таму велат дека мајките бараат сигурност, време и достоинство – а токму тоа го нуди оваа мерка за која се размислува. Според нив, пред да се донесе таква мерка од една година породилно,  претходно надлежните треба да направат финансиски анализи.

Породилното и родителското отсуство во регионот значително се разликуваат. За разлика од кај нас каде латено породилно отсуство трае 9 месеци, во Србија и Албанија родителите имаат право на  12 месеци породилно, додека Бугарија нуди едно од најдолгите во Европа околу 13 и пол месеци платено отсуство, со можност за продолжување до втората година на детето. Во Грција, пак, вкупното отсуство изнесува околу 10 месеци кога ќе се вклучат дополнителните мерки за поддршка на мајките.