Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

И на +40 степени, работниците “висат” на скелиња, Владата во заминување не носи препораки

Градежните и текстилните работници како во минско поле. На пеколни температури мора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните и текстилните работници како во минско поле. На пеколни температури мора да работат, зошто од Владата во заминување нема препораки за портокалова фаза. Едни “висат” на скелиња на +40 степени, други работат во погоните без клима. Во главниот град, на повеќе градилишта се работи и во нај топлиот период од 11 до 17 часот. И додека газдите не се грижат за своите работници и како да е крај на светот па во најтоплото бараат од нив да работат на сонце Синдикатите алармираат до Министерството за здравство и Владата итно да донесат мерки за заштита од топлото време.

Апелирам повторно, до надлежните дека веќе е време да објават портокалова фаза.И да дадат препораки кои ги даваат вообичаено, но да не се базираат само со препораки на приватниот сектор, а јавниот секотор да ни биде ослободен од работа.Реагиравме и затоа што не се уклучуваат клими во производствените погони, веќе се испратени неколку барања за инспекциски надзор од областа за безбедност и здравје при работавели Кристина Ампева – “Гласен текстилец”.

Од “Гласен текстилец”  велат дека работниците се плашат да пријават, за да не добијат отказ. Од Инспекторатот пак тврдат дека се активни на терен. Велат правеле проверки, но и казнувале. Синдикатите бараат трудовите инспектори и покрај тоа што има промени на Владата, да си ја работат работата, за да не “трпат” работниците.

Реклама

Во вакви периоди инспкециските надзори не смеат да трпат поради реорганизација на министерствата, затоа ќе побарам да бидат максимално ажурнирече Ампева.

Македонија повторно влегува во портокалова фаза со пеколни температури, а Министерството за здравство се уште нема дадено никакви препораки за заштита од топлото време на најранливите граѓани.

И докторите апелираат надлежните да не чекаат, и да не трчаат по жешка песок – итно да донесат мерки….бремените жени, и старите лица над 60 години да бидат ослободени од работа. И да не се работи на отворено од од 11 до 17 часот

Инаку, Македонија „ќе гори“ и следната недела, а со топлотен бран се бори и цела Европа.