Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

И годинава нема доволно лекови за пациентите со ретки болести

И годинава пациентите со ретки болести извисија и ќе останат без потребните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И годинава пациентите со ретки болести извисија и ќе останат без потребните лекови од кои животот им зависи. Од здружението „Живот со предизвици“, велат дека тендерот кој бил распишан не ги задоволува потребните количини и дека за некои од пациентите има само за девет месеци. Проблем се јавува и со нивната дистрибуција.

„За жал во него гледаме дека некои количини се доволни за година дена, а за некои пациенти се гледа дека количините се доволни само за девет месеци, што сметаме дека треба да биде поправено и дека тендерот треба да биде соодветен за сите пациенти. Знам дека институциите некако тешко го прифаќаат моментот на децентрализацијата, лековите се скапи, дистрибуцијата не е едноставна, но не само за ретките, туку и за честите болести, многу пациенти од нашата држава мора да патуваат до Скопје и тоа создава гужва на клиниките, го троши капацитетот на клиниките, Клиничкиот центар во Скопје и создава гужва во градот“, смета претседателката на здруженето на гражани „Живот со предизвици“, Весна Алексовска.

Пациентите велат дека дека засега нема никаква промена и во позитивната листа на лекови за било какви промени ќе треба да се почека по изборите зашто техничката Влада не може да прави какви било интервенции.

Реклама

„Не се случува ништо во моментов. Нели се спремаат избори и имаме техничка влада. И мислам дека за тоа ќе треба да почекаме по изборите, како и за многу други работи“, смета Алексовска.

Инаку во Македонија има околу 2000 пациенти со околу 300 различни ретки болести. За дел од нив воопштио нема терапија, а за поголем дел таа е недоволна и несоодветна.

Љубиша Владимиров