Реклама

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Македонија

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

– Денеска имавме чест заедно со гостите за првпат да го отвориме психолошкото советувалиште за деца и адолесценти, кое е единствено од ваков карактер во државата. Има за цел стручни лица да работат со деца, со тинејџери, родители и со наставници за надминување на емоционалните, семејните и училишните предизвици. Ќе се водат разговори, ќе се даваат насоки, и тоа не само за надминување на проблемите туку и за понатамошен емоционален развој, за комуникациски вештини и надминување на сите оние бариери со кои се сретнуваат децата или проблемите во текот на животот во предучилишна возраст, во училишна возраст и малку кај постарите – истакна Андоновска.

Реклама

Услугите, додаде, ќе бидат достапни преку упатување од матичен лекар и системот „Мој термин“, со што граѓаните ќе добијат пристап до психолошка поддршка во рамки на јавното здравство.

– На овој начин ќе има можност преку „Мој термин“, преку нивните матични лекари, да можат во секое време да дојдат и да ги искористат услугите, а сето тоа ќе оди во насока на надминување на сите оние бариери и предизвици со кои се соочуваат и децата, и тинејџерите во општеството – вели Андоновска.

Покрај отворањето на советувалиштето, во Институтот беше презентирана и нова медицинска и лабораториска опрема, како и апаратура која претходно не била ставена во функција. Според директорката, во изминатиот период биле создадени просторни и технички услови за активирање на дел од скапата опрема што со години не била користена, а биле набавени и нови уреди согласно потребите на одделенијата.

Андоновска информира дека е пуштена во употреба и станица донирана од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), која во реално време обезбедува податоци за радиоактивноста во воздухот, како и нова компјутерска опрема за потребите на Институтот.

Таа нагласи дека е проширена и листата на лабораториски услуги, со воведување анализи кои досега биле ограничено достапни во јавното здравство.

– Институтот ги презема и овие дијагностики за да ги врши сите, со цел да им овозможиме на луѓето кои немаат доволно средства да го прават тоа во приватните лаборатории, да можат да го прават и во државното здравство – рече Андоновска.

На денешното отворање беше присутен и премиерот Христијан Мицкоски којшто упати честитки за сработеното, нагласувајќи дека Институтот од една институција која што тонела во долгови, прераснала во инстутиција која што инвестира во опрема и инфраструктура.

– Би сакал да честитам на тоа што е направено; од една институција која што тонеше во долгови денеска имаме инстиуција која што инвестира во опрема, во реновирање на инфраструктурата. Институција која што генерално се грижи за јавното здравје, за разлика од институција во минатото, а вие сте сведоци за оние ревозирски извештаи коишто се од минатото на која што служела за се, само за она за што требала да служи, а тоа е да се грижи за јавното здравје – рече Мицкоски.