Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок  -На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок 

-На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје.

Како што наведуваат оттаму, пациентот е контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што се предложени соодветни превентивни мерки. 

Реклама

ИЈЗ информира дека според добиените епидемиолошките податоци заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви. За време на престојот, пациентот дава податок за каснување од комарец. Веднаш по враќањето се јавил на преглед на КИБФС каде било поставено сомневање за денга.

-Првите знаци на болеста се јавиле на 24.05.2026 година со треска, болки по телото-мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена  да се појави и ситен, густ осип. Пациентот бил прегледан во КИБФС, а направени се и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика – стои во соопштението на ИЈЗ.

Се посочува дека пациентот не бил хоспитализиран, пратен е на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба.

– Иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има документирана циркулација на вирусот Зика, реално постои можност за појава на нови импортирани случаи. Дополнителен фактор на ризик претставува широката распространетост на комарецот Aedes albopictus (азиски тигрест комарец) во повеќе европски земји, кој е потенцијален вектор за пренос на вирусот Зика – нагласуваат од ИЈЗ.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) континуирано регистрира патнички асоцирани случаи на Зика кај лица кои се инфицирале за време на престој во ендемски подрачја. ECDC ги следи токму овие „travel-associated“ случаи, а WHO укажува дека присуството на Aedes albopictus во делови од Европа создава потенцијал за локален пренос доколку вирусот биде внесен од инфициран патник.

Постои можност за понатамошно пријавување на нови случаи во периодот на активност на комарците за лицата кои патуваат во зафатените региони и ризикот за овие лица се проценува како низок до среден.

– Ризикот за населението во Македонија во моментов се оценува како низок. Ризикот може значително да се намали со спроведување на препорачаните превентивни мерки за заштита од убоди од комарци и придржувањето кон препорачаните превентивните мерки и совети – додава Институтот.

Зика вирусната болест е акутна вирусна инфекција предизвикана од вирусот Зика, арбовирус од родот Flavivirus и фамилијата Flaviviridae. Болеста најчесто се пренесува преку убод од инфицирани комарци од родот Aedes, кои се активни претежно во текот на денот, најзастапени во тропските и суптропските региони, но можно е пренесување и по сексуален пат, вертикално од мајка на плодот за време на бременоста, како и преку трансфузија на крв.

Инкубацијата на болеста вообичаено трае 3-14 дена. Клиничката слика главно е лесна и се карактеризира со симптоми кои вообичаено траат 2-7 дена, иако најголем процент од инфицираните лица (окулу 80 отсто) не развиваат симптоми. Од симптоми најчесто се јавуваат: осип, покачена телесна температура, конјунктивитис, главоболка, мијалгии и артралгии.

Инфекцијата со вирусот Зика за време на бременоста може да предизвика раѓање на бебиња со микроцефалија и други конгенитални малформации, како и да предизвика предвремено породување и спонтан абортус, може да биде  поврзана и  со синдромот Guillain-Barré, невропатија и миелитис кај возрасни и деца, од што произлегува и јавно-здравственото значење на оваа болест. Конгенитални малформации се јавуваат и по симптоматска и по асимптоматска инфекција. Овие симптоми се вообичаени за други арбовирусни и неарбовирусни заболувања; затоа, дијагнозата на инфекција со вирусот Зика бара лабораториска потврда.