Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Хуманитарна трка на охриѓани за настраданите во Кочани

Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост,над 500 ученици од сите средни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост,над 500 ученици од сите средни училишта,професори и родители трчаа од срце и даруваа од срце за помош на настраданите во пожарот во Кочани. Најголемата трагедија која ја погоди Македонија остави неизбришливи траги кај цела една генерација, болка која секогаш ќе пече и ќе не потсетува на вистинските вредности во животот-велат учениците кои беа вклучени во организација на трката.

-“Треба повеќе да се фокусираме на здравиот живот,да помагаме, да сме хумани, да се сакаме и да сме едни за други секогаш тука.Оваа сплотеност што денес ја имаме тука со сите средношколци, со сите родители и наставници е еден знак за тоа дека треба сите да сме сплотени;- Нормално дека нас како млади не погоди трагедијата и затоа целиме да направиме нешто, со кое што ќе можеме да им помогнеме на погодените”-велат учениците

Долг период после несреќата беше многу тешко да се работи и да се допре до учениците,раскажуваат професорите.Свесни за ситуацијата која што се случи, за таа колективна трагедија,длабоко сочувствуваа и тие беа оние иницијатори кои што сакаа да им оддадат достоинствена почит на загинатите и поддршка на повредените.

Реклама

 “Самата трка која што има почеток и крај значи дека никогаш во животот не треба да се откажеме од целта која што ја имаме, како што нив сега таа им е цел да стигнат до самиот крај и да истрчаат што може повеќе така и во животот никогаш да не ја заборават целта на својот живот односно смислата на својот живот, а со тоа никогаш да не го заборават оние кои што трагично загинаа”-вели  Перчо Божиноски –професор

“Учениците се носеа многу тешко, беа можам да кажам погодени многу од немилиот настан,но ево и со овој настан сакаме да им помогнеме. Учениците дадоа еден голем одзив,масовна е трката и мислам дека ќе се соберат доста сретства”-вели Ристе Јанкоски-директор на ЦСУ “Св. Кирили Методиј”

Ддолж патеката од 3 километри по која се трчаше беа поставени кутии за донирање. Собраните средства преку Црвениот крст ќе стигнат до сите семејства на кои во моментов им треба помош за брзо опоравување.