Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Хуманитарна филмска вечер во ООУ „Карпош“ во Умин Дол, кумановско

Филмска вечер на отворено, по втор пар се одржа во дворот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филмска вечер на отворено, по втор пар се одржа во дворот на основното училиште „Карпош“ во село Умин дол, кумановско. Настанот го организира руралното училиште „Карпош“ од кумановското село Умин Дол, во соработка со Фото киноклуб „Козјак“ – Куманово и „Рурал Ума Сто“, невладина организација за промоција на рурален туризам, од Умин дол и Ново Село, кумановско.

Донираните средства ќе бидат наменети за тековните потреби на училиштето.Публиката во училишниот двор ја проследи премиерата на краткометражниот филм „Ѕвезди“, дело во продукција на членовите на училишната драмска секција.

Присутните проследија и два краткометражни филмски приказни од меѓународниот фестивал „Филмај“, по што  имаа можност за дружење и забава.

Реклама

Младите креативци од драмската секција бележат врвни резултати, во последните две години на локално и национално ниво, освојувајќи награди и признанија.